klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Денес го славиме Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград

Денес го славиме Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 06:36:49

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква. Тропар Богородице Приснодево, заштито на луѓето, ризата и појасот на Твоето пречисто тело си го дарила на Твојот град како моќна ограда, останувајќи нетлена и по Твоето бессемено раѓање, зашто во Тебе се обновува и природата и времето. Затоа Те молиме да му даруваш мир на Твојот град, а…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti