Дефект во снабдувањето со струја остави голем дел од Грузија во мрак

Дефект во електропреносниот систем го остави поголемиот дел од поранешната советска република Грузија во мрак. Проблемот може да бил предизвикан од планирани тестирања во голема хидроелектрана, јавуваат руските медиуми. Според руските новински агенции, околу 20:00 часот синоќа, големите градови, меѓу кои и главниот град Тбилиси од 3,7 милиони жители, останаа без струја. Претставникот на локалната Комисија за регулација на енергетиката и водата, Гиорги Пангани изјавил дека инцидентот се совпаднал со превентивно одржување во хидроелектраната. По двата дефекти во електроенергетскиот систем минатиот месец, планираните тестирања биле преземени со цел да се идентификуваат слабите точки во електропреносната инфраструктура на Грузија, рече Пангани. Според него, почната е истрага за утврдување на причините за последниот дефект.

