Данела Арсовска осудена за клевета, ќе треба да му плати 100.000 денари на Орце Тодоровски

Основниот граѓански суд Скопје после 4 години донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на поранешниот генерален директор на ЈСП „Скопје“, Орце Тодоровски, против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и Град Скопје поради клевета и навреда. Според пресудата, судот утврдил дека на прес-конференцијата одржана на 6 декември 2022 година Арсовска изнела невистинити тврдења со кои му нанела штета на угледот и честа на Тодоровски. Изјавите се однесувале на наводна набавка на 150 автобуси од Унгарија и тврдења дека Тодоровски посредувал за исплата на провизија. Судот оцени дека со ваквите изјави е сторена клевета, поради што Данела Арсовска е задолжена да му исплати на Тодоровски 100.000 денари како надомест на нематеријална штета. Со пресудата, Арсовска е задолжена и јавно да ја објави изреката од пресудата на сопствен трошок во два дневни весници, како и во иднина да се воздржи од изнесување исти или слични невистинити и навредливи тврдења. Одговорност утврди и за Град Скопје, кој солидарно со Арсовска ќе треба да ја надомести штетата и да ја објави изреката од пресудата во согласност со судската одлука. Воедно, судот му ги досуди на тужителот и 16.457 денари за трошоците на постапката, додека останатиот дел од тужбеното барање е одбиен како…


