Дали Фон дер Лајен ги призна грешките на Унијата?

На прв поглед, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, беше рутинска и не донесе ништо ново. Сепак, не мора да биде баш така Ако се чита меѓу редови, може да се каже дека таа ги призна грешките на Унијата кон Македонија и најави подготвеност да се бара решение. Потврда за тоа е нејзината иницијатива министерот за надворешни работи Муцунски да се сретне со бугарската колешка додека е во Софија. Дали Брисел бара излез од ќор-сокакот во кој нѐ фрли, бидејќи последиците се и негови, ќе треба да видиме. Блокадата, во која е Македонија со години, зборува и за нивната неефикасност и нефункционалност. Начинот, меѓутоа, како го бараат излезот е – сосема погрешен. Не може Македонија да бара милост во Софија, откако Брисел ни ги вклопи во рамката сите бугарски фантазмагории. Решение во Софија е апсолутно невозможно, губење е само на време, а на тој начин продолжува и нашето понижување, пишува Ристо Никовски за НОВА МАКЕДОНИЈА. На секој што и малку се разбира во дипломатијата мора да му биде јасно дека сега наш главен проблем е преговарачката рамка, а не Софија. Со оваа рамка, Македонија нема никогаш да влезе во Унијата, а Бугарија не може да ја…


