Бриселската оценка за Албанија падна на улица

Постои стара анегдота за еден учител што требало да оцени двајца ученици. Едниот не го знаел материјалот, но учителот однапред решил дека тој е одличен ученик. Другиот го знаел целиот предмет, но му нашле забелешка за ракописот. На крајот првиот добил петка, а вториот останал на поправен. Кога родителите прашале како е можно тоа, учителот одговорил: „Не гледаме ние што знаат учениците, туку каква порака сакаме да испратиме“. Така и Брисел ја третираше Албанија. Ја прогласи за подготвена приказна за успех, а потоа улицата потсети дека корупцијата, незадоволството и институционалните слабости не исчезнуваат само затоа што некој решил да ги стави во втор план во европски извештај. Денес иронијата е очигледна: државата што беше претставувана како доказ дека критериумите функционираат протестира токму поради прашањата за кои во Брисел се тврдеше дека се надминати. Кога Европската комисија и бриселската бирократија решија да ја одвојат Албанија од Македонија на патот кон Европската Унија, тоа беше претставено како триумф на европските критериуми. Албанија, ни објаснуваа, ги завршила домашните задачи. Македонија останала заглавена поради билатерални спорови и политички блокади. Така звучеше европската приказна, анализира Далибор Станковиќ за НОВА МАКЕДОНИЈА. Само што реалноста повторно се покажа како лоша вест за удобните бриселски процени. Додека европските…


