Д-р Настов за МИА: „Св. Наум Охридски“ со најсовремена опрема, јавното здравство не заостанува во однос на приватното

Во однос на квалитетот на здравствените услуги, јавното здравство, вклучително и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во ниту еден сегмент од доменот на своето работење, не заостанува зад приватното здравство, како по квалитетот на услугите кои ги нуди на пациентите, така и во однос на современата апаратура со која располага, особено по последните вложувања од страна на Фондот за здравствено осигурување, вели во интервју за МИА директорот на Клиниката, проф.д-р Небојша Настов. Тој посочува дека апаратурата со која располагаат, потрошните материјали кои се користат во Клиниката и во останатиот дел од јавното здравство, се исто така со врвен квалитет и смета дека со подобрувањето на пансионските услуги дискрепанцијата меѓу приватното и јавното здравство постепено, но сигурно се минимализира и се губи во потполност. На оваа изјава, нагласи тој, ќе има и спротивставени мислења, но да не заборавиме, медицинскиот кадар во нашата земја потекнува од јавното здравство, без оглед дали сега работи во приватно или пак во „државно“. Истакнува дека реконструкцијата на неодамна пуштеното во функција одделение за трауматологија е продолжение на циклусот реконструкции, почнат минатата година, кога комплетно се реновирани гардеробите за преку 90 вработени, кои никогаш не биле реновирани. Претходно, потенцира проф.д-р Настов, комплетно…
Povezane vijesti

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките
