Д-р Ахмети: Стресот ви го носи вечерниот кортизол, тој ве води кон несоница и често ноќно будење, тука се и анксиозноста и кардиоваскуларните болести

Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели во интервју за МИА директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболитички нарушувања, проф. д-р Ирфан Ахмети. Посочува дека спиењето е еден од најважните фактори што влијаат врз регулирањето на нивото на кортизолот, кое може да се зголеми поради акутен стрес, болест, интензивна физичка активност, недостиг на сон, спиење помалку од шест часа, јадење преработена храна, која доведува до нестабилни нивоа на шеќерот во крвта, блага дехидратација, или употреба на одредени лекови, а симптоми кои најчесто укажуваат на тоа се: чувство на хроничен замор, проблеми со спиењето, раздразливост, тешкотии при концентрирање, промени во апетитот и постепено зголемување на телесната тежина. Тој нагласува дека секое влијание во нарушувањето на ритамот на лачење кортизол (стрес, Кушингов синдром, користење долгорочна кортикостероидна терапија) може да доведува до нарушување на сонот како во квантитет така и во квалитет. Долгорочно, ова предизвикува анксиозност и исцрпеност и може…


