Русјаков за МИА: Уметноста се создава од љубов и се консумира од љубов

Трета година по ред македонскиот писател, режисер и сценарист Александар Русјаков е дел од работилниците за млади филмски автори „Нови бранови“ во рамките на Фестивалот за медитерански и балкански филмови „Преку езерото“. На овие работилници младите може да ги развијат своите филмски идеи и да ги усовршат своите сценарија, а избраните проекти добиваат финансиска помош од фестивалот за нивна реализација. - Целта е многу едноставна и таа цел треба да ја имаат сите македонски филмски фестивали, вклучително и Агенцијата за филм - да им се помогне на младите филмски автори, кои сега почнуваат да бидат автори - значи, студенти, дебитанти, дипломци, да го создадат своето прво дело, првиот краток филм. На оваа работилница тие конкурираат со своите проекти. Секоја година имаме по два-три проекти. На крајот, ние избираме еден или два, во зависност од тоа каква е конкуренцијата, и фестивалот им го финансира филмот и тие го сработуваат. Досега се продуцирани четири кратки филма, два беа премиерно прикажани минатата година, еден веќе беше прикажан на почетокот на отворањето на фестивалот и еден ќе биде прикажан на затворањето. Тоа се одлични кратки филмови на исклучителни млади луѓе, кои сакаат да ги остварат своите соништа, а филмските соништа се најтешки за сонување…
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!

РИПНА ОД ПРОЗОР УАПСЕН ЗА ДРОГА, АМА ЕВЕ ГО УАПСЕН ВО СКОПЈЕ
