ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОДОЦНА: Што навистина ѝ донесе Францускиот предлог на Македонија?

Поминаа четири години од денот кога на македонската јавност ѝ беше претставен Францускиот предлог како „единствена шанса“ за почеток на преговорите со Европската Унија. Тогаш се тврдеше дека со неговото прифаќање конечно ќе биде деблокиран европскиот пат на државата. Денес, четири години подоцна, време е без политички страсти да се постави едно едноставно прашање: дали Македонија навистина го доби ветеното или плати висока политичка и државна цена без соодветен резултат? Најважните елементи на предлогот беа: уставни измени со внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот; спроведување на Договорот за пријателство од 2017 година и билатералните протоколи; следење на исполнувањето на овие обврски како дел од преговарачката рамка со ЕУ како и можност Бугарија и понатаму да влијае врз текот на пристапните преговори доколку оцени дека обврските не се исполнуваат. Предлогот предизвика силна политичка и општествена поларизација во Македонија. Поддржувачите тврдеа дека тоа е единствениот начин да се деблокира европскиот пат, додека противниците сметаа дека со него билатералните историски и идентитетски прашања за првпат се вградени во преговарачката рамка на ЕУ, што создава опасен преседан. Во јули 2022 година се одржаа и масовни протести против неговото прифаќање. Од денешна перспектива, резултатите од спроведување на предлогот остануваат предмет на сериозна дебата. Иако…


