klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Меџити пречека меѓународна делегација за економска соработка и развој

Меџити пречека меѓународна делегација за економска соработка и развој
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·18. 07. 2026. 14:37:28

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави. За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес. „Дијалогот и размената на искуства со меѓународните партнери претставуваат додадена вредност за локалното управување. Ваквите средби отвораат можности за нови партнерства, инвестиции и иницијативи кои можат да придонесат за развојот на Чаир и нашата држава,“ изјави Меџити.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti