klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Чарлс Трети нема да живее во Бакингемската палата по реновирањето

Чарлс Трети нема да живее во Бакингемската палата по реновирањето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 11:32:30

Британскиот крал Чарлс Трети нема да живее во Бакингемската палата по завршувањето на 10-годишното реновирање идната година, соопштија претставници на кралската палата. Со ова, како што наведуваат агенциите, ќе биде ставен крај на речиси два века во кои иконската лондонска зграда служела како главна резиденција на британскиот монарх. Во меѓувреме, претставниците на палатата открија дека кралот платил 12,9 милиони фунти даноци во финансиската 2024/25 година - првпат оваа сума е јавно објавена. Тоа го става меѓу 100-те најголеми даночни обврзници во Велика Британија. Членовите на кралското семејство ветија поголема транспарентност во врска со нивните финансии, поради зголемениот јавен надзор и критики по смртта на кралицата Елизабета Втора во 2022 година. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti