klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Буџетот од 3 милијарди за високо образование во 2022 е зголемен на 8 милијарди денари во 2026

Буџетот од 3 милијарди за високо образование во 2022 е  зголемен на 8 милијарди денари во 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 08:42:28

Посветеноста на една влада за подобрување на состојбите во образование, може да се види по реализираните инвестиции и висината на одвоени средства од Буџетот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува на дело и во изминатите две години реализираше најголеми инвестиции во науката и во основното, средното и високо образование, каде Буџетот во 2026 година достигна рекордни 40 милијарди денари. Ова е значително зголемување споредено со 2024 година кога на власт сè уште беше СДС, а буџетот за образование изнесуваше 32 милијарди денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш откако СДС замина во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да управува со институциите, се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за редовна исплата на платите во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на универзитетските професори. Посебно внимание се посвети на високото образование, при што буџетот во 2026 година се зголеми на 8 милијарди денари, што е за скоро три пати повеќе споредено со 2022 кога изнесувал помалку и од 3 милијарди, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, науката има централно место во креирањето на образовните политики и обезбедувањето средства за нивно непречено и успешно реализирање, така буџетот наменет за наука од 380 на 773 милиони денари и само во 2025 година се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti