klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ФОТО: Започна дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар

ФОТО: Започна дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 19:00:53

Првите количини на пакувана вода што ги обезбеди Владата, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани првите 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој дојде во Гостивар со првата пратка на вода, посочи дека во зависност од потребите може да се зголеми бојот на пунктови и да се отвораат и други. - Секој ден додека трае состојбата ќе дистрибуираме по 50 илјада литри на ден. Овие количини ќе се распределуваат на неколку пунктови, 6 или 7 а можеби и повеќе. Тоа ќе зависи од потребите и за да не се создаваат турканици на топлото време, рече Томовски. Во соработка со локални волонтери, предвидено е дистрибуцијата на водата да се врши на локациите: Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139, Градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47, СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39, ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165 АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (Питарница), ул. Илинденска, Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29, Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti