Радичевски: Ќе работиме за подобра инфраструктура, инвестиции и нови можности за младите во Брвеница

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Радичевски, на вечерашниот завршен митинг порача дека кампањата ја водел со почит, достоинство и човечност, нагласувајќи дека главен приоритет ќе му бидат инфраструктурниот развој, поддршката за локалната економија и подобрувањето на условите за живот во сите населени места. - Оваа кампања ја завршив со почит, со достоинство и со човечност. Како што ветив, оваа изборна трка ја водев онака како што доликува на моментот во кој се наоѓаме. Без навреди, без поделби, без омраза - рече Радичевски. Тој истакна дека како жител на Брвеница добро ги познава проблемите и потребите на граѓаните и дека негова цел е да создаде повеќе можности за младите да останат и да ја градат својата иднина во општината. - Верувам дека сите ние, без разлика на возраста, професијата или политичкото убедување, ја имаме истата желба: нашите деца да растат во подобра Брвеница, да имаат повеќе можности и да не мора да заминуваат од својот дом за да ја побараат својата иднина - истакна Радичевски. Најави дека во првите 100 дена од мандатот ќе се направи детална анализа на тековните проекти и обврски на општината, ќе се утврдат приоритетите и ќе продолжат вложувањата во локалната инфраструктура, водоснабдувањето и…
Povezane vijesti

Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ
