klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Божиновска – Сулстром: Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија

Божиновска – Сулстром: Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 08:09:26

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни енергетски решенија, области во кои Шведска претставува еден од европските лидери. Министерката Божиновска истакна дека Владата е цврсто посветена на модернизација на македонскиот енергетски систем, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и градење одржлив и конкурентен енергетски сектор. „Нашата цел е современ, ефикасен и одржлив енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност за граѓаните и ќе создаде поволна клима за нови инвестиции. Шведското знаење, искуство и технолошки развој претставуваат значаен потенцијал за заеднички проекти и партнерства кои ќе придонесат за побрза енергетска трансформација на Македонија“, истакна министерката Божиновска. Амбасадорот Ола Солстром ја нагласи подготвеноста на Шведска да продолжи да ја поддржува Македонија во реформските процеси и истакна дека голем број шведски компании внимателно ги следат случувањата во македонскиот енергетски сектор и препознаваат потенцијал за нови инвестиции и економска…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti