Божиновска: Енергетската безбедност не познава граници – регионот мора да се поврзе и да настапува како еден енергетски систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето на регионалната соработка. Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и дека само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици. „Нашата долгорочна визија е јасна – целосно интегриран регионален енергетски систем кој ќе ги поврзе електроенергетските, гасните и идните водородни мрежи. Од диверзификација до декарбонизација, од интерконектори до заеднички пазари – регионот мора да функционира како еден интегриран енергетски систем. Македонија забрзано се интегрира во европскиот енергетски пазар преку нови интерконектори, регионална соработка и зелена транзиција“, порача Божиновска. Министерката нагласи дека Македонија веќе презема конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност преку диверзификација на изворите на снабдување и реализација на клучни инфраструктурни проекти. Во таа насока, таа информираше дека гасниот интерконектор со Грција треба да биде завршен до 2027 година, додека интерконекторот со…
Povezane vijesti

Божиновска: Енергетиката бара партнерство, градиме стабилен, предвидлив и фер енергетски систем

Гасниот интерконектор со Грција се гради според планот и ќе биде завршен догодина, велат од Енергетика
