klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 10:03:53

Двата земјотреса што ја опустошија северна Венецуела пред десет дена досега одзедоа речиси 3000 животи, покажаа официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни се урнаа и срамнија со земја бројни згради. Многу жртви се уште се на улица или живеат во небезбедни услови во парковите, без никаква перспектива. „Сè уште работиме, наоѓаме тела, продолжуваме“, изјави Франциско Саскија, 38-годишен спасувач волонтер, стоејќи пред урната зграда во населбата Плаја Гранде. Работните машини го завршуваат уривањето на веќе срушените конструкции и чистите бетонски плочи. „Сè уште веруваме дека ќе најдеме живи луѓе, не губиме надеж“, додава тој, додека виетнамските и мексиканските бригади кои дојдоа да помогнат во напорите го напуштаат местото на настанот. Најмалку 2.954 лица загинаа, а 16.592 беа повредени во двата земјотреса, едни од најсилните и најразорните во Латинска Америка, според сè уште привремениот биланс објавен од венецуелското министерство за комуникации. Повеќе од 16.000 луѓе останаа без покрив над главата, а 856 згради беа оштетени. Двата земјотреси се случија во рок од само 39 секунди и главно го погодија северниот дел од Венецуела, потопувајќи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti