Sport Sjeverna Makedonija
Барко потпиша седумгодишен договор со Челзи

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 18:16:37
Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко. Аргентинскиот фудбалер ги напушти редовите на француски Стразбур и потпиша седумгодишен договор со клубот од Лондон. Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети. Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега има пет настапи во националниот дрес на кои постигна два гола. Претходно, Челзи ги доведе и англискиот крилен играч Морган Роџерс од Астон Вила, францускиот дефанзивец Максенс Лакроа од Кристал Палас, италијанскиот дефанзивец Марко Палестра од Аталанта и искусниот напаѓач Дани Велбек од Брајтон.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


