klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 10:16:26

Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото - изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. -Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот не можат да се потпираат на тврдењето дека Соединетите Американски Држави ќе им обезбедуваат безбедност како во минатото - изјави Багеи на прес-конференција. Според него, по избувнувањето на израелско-палестинскиот конфликт пред три години и почетокот на, како што рече, геноцидот во Појасот Газа, земјите во регионот дошле до заклучок за тоа кој претставува најголема закана за стабилноста и безбедноста на целата меѓународна заедница. -Самата Америка беше дел од несигурноста во регионот. Ционистичкиот режим сигурно не би можел да ги изврши своите злосторства без американска поддршка. Веруваме дека безбедноста во регионот е неделива. Секој план што правилно ќе го идентификува непријателот и заканата има шанси да помогне во зајакнувањето на безбедноста - рече Багеи. Говорејќи за трилатералниот договор за одбрана што минатата недела во Мека го потпишаа Турција, Саудиска Арабија и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti