klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

АмЧам: Посилна заштита на интелектуалната сопственост преку активно Национално координативно тело

АмЧам: Посилна заштита на интелектуалната сопственост преку активно Национално координативно тело
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·22. 10. 2026. 12:22:51

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса посветена на унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост. Во фокусот беше улогата на Националното координативно тело и можностите преку неговата работа да се обезбеди поефикасна заштита во оваа област. На настанот учествуваа претставници од институции, деловната заедница и стручната јавност, а поздравни обраќања имаа Барнабас Биркеланд, претставник на Амбасадата на САД во Северна Македонија, и Едвал Зото, програмски менаџер во Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). „За компаниите е исклучително важно да постои координиран систем што ги штити нивните иновации, брендови и инвестиции. Ефикасната заштита на правата од интелектуална сопственост создава сигурност и охрабрува инвестирање во нови производи, технологии и креативни решенија, и силно придонесува за фер пазарна конкуренција. Националното координативно тело може да има значајна улога во овој процес, а АмЧам е подготвен да придонесе со експертизата и практичните искуства на своите членки, во партнерство со надлежните институции“, вели Јелена Арсовска, извршна директорка на АмЧам. Во централната дискусија, модерирана од Ана Пепељугоска, претседателка на Работната група за интелектуална сопственост при АмЧам, учесниците се согласија дека Националното координативно тело, кое во минатото покажало значајни резултати, има потенцијал повторно да придонесе за поефикасна заштита на интелектуалната сопственост. Како…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti