Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани. Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти. Согласно проекциите, за годинава се очекува економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит 4,1 процент. - Ребалансот на Буџетот ќе овозможи продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани на државава - рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на прес-конференција откако Владата го усвои ребалансот на Буџетот. На приходната страна даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од околу 900 милиони денари, односно за 0,4 проценти. Тоа намалување е…


