klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·17. 10. 2026. 09:10:32

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што се запленети и уништени 1.000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се џсоодветни прекршочни санкции. Како што информира АХВ, спроведените контроли во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. -Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti