Sjeverna Makedonija307 vijesti
ZabavaПравната битка меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли продолжува, тој бара докази за нејзините приходи
Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли официјално бил завршен во 2024 година, по осум години правни спорови, конфликтите меѓу поранешниот холивудски пар очигледно сѐ уште не се завршени, пишува „Ју-ес викли“. Во најновиот развој на случајот, правниот тим на Пит побарал од Џоли да достави докази за своите приходи, што таа делумно го … Правната битка меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли продолжува, тој бара докази за нејзините приходи Read More » The post Правната битка меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли продолжува, тој бара докази за нејзините приходи appeared first on Слободен печат.
ZabavaВИДЕО | Алек Болдвин посака уште едно дете, сопругата побегна како попарена
Познатиот холивудски актер Алек Болдвин (68) одново ја изненади јавноста со својот препознатлив хумор. Во видеото кое го сподели на Инстаграм, таткото на осум деца на шега ѝ предложи на сопругата Хиларија (42) повторно да го прошират семејството, пишува „Пипл“. Во видеото, на кое се гледа како уживаат покрај базен, Хиларија се слуша на почетокот … ВИДЕО | Алек Болдвин посака уште едно дете, сопругата побегна како попарена Read More » The post ВИДЕО | Алек Болдвин посака уште едно дете, сопругата побегна како попарена appeared first on Слободен печат.
ZabavaФОТО | Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас е нивна копија — блесна на црвениот тепих во Мајорка покрај татко ѝ
Ќерката на славниот холивудски пар Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, Керис Зета Даглас (23) присуствуваше на првото издание на доделувањето на наградите „Мајорка – остров на честа“, што се одржа на 3 август 2026 година во Палма де Мајорка, Шпанија. Манифестацијата им оддава признание на истакнати личности за нивните достигнувања и поврзаноста со островот. Актерот … ФОТО | Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас е нивна копија — блесна на црвениот тепих во Мајорка покрај татко ѝ Read More » The post ФОТО | Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас е нивна копија — блесна на црвениот тепих во Мајорка покрај татко ѝ appeared first on Слободен печат.
ZabavaНа Диди повторно му е променет датумот за ослободување од затвор
Американскиот музички могул Шон „Диди“ Комбс повторно доби нов датум за ослободување од затвор, покажуваат најновите податоци на Федералното биро за затвори на САД, пишува „Пипл“. Според ажурираните информации објавени на 4 август, 56-годишниот Комбс треба да биде ослободен на 20 февруари 2028 година од Федералниот поправен дом „Форт Дикс“ во Њу Џерси, затвор со … На Диди повторно му е променет датумот за ослободување од затвор Read More » The post На Диди повторно му е променет датумот за ослободување од затвор appeared first on Слободен печат.
Zabava„Изгубив многу блиски, но душата ми го најде мирот“: Емотивна исповед на Војо Иванов
Војо Иванов од Зоолошката градина во Скопје, кој со години е познат како голем љубител и спасител на животните, со емотивна објава го одбележа својот 43. роденден. Наместо класична роденденска честитка, тој напиша искрена порака за загубите, пријателствата, љубовта кон животните и одлуката да го напушти градскиот живот. „Испраќам со насмевка уште една возбудливо тажна … „Изгубив многу блиски, но душата ми го најде мирот“: Емотивна исповед на Војо Иванов Read More » The post „Изгубив многу блиски, но душата ми го најде мирот“: Емотивна исповед на Војо Иванов appeared first on Слободен печат.
ZabavaПочина на 36 години, но мистеријата за смртта на Мерилин Монро не стивнува ниту 64 години подоцна
Иако изминаа повеќе од шест децении од нејзината смрт, Мерилин Монро остана едно од најпрепознатливите лица во светот. Малкумина успеале да остават толку силен печат низ годините како што тоа го направи холивудската ѕвезда која и денес важи за најголемиот секс-симбол на дваесеттиот век. Но, зад нејзината препознатлива насмевка и платинесто русата коса, се криеше … Почина на 36 години, но мистеријата за смртта на Мерилин Монро не стивнува ниту 64 години подоцна Read More » The post Почина на 36 години, но мистеријата за смртта на Мерилин Монро не стивнува ниту 64 години подоцна appeared first on Слободен печат.
ZabavaШакира го оживеа познато меме старо скоро триесет години
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја рекреираше својата позната фотографија од 1997 година на која седи пред компјутер. Фотографијата стана популарно меме низ годините, особено со шегите за канцелариската работа, работата од дома и почетоците на интернетот. Пејачката, која сега има 49 години, објави нова верзија на фотографијата, направена во речиси иста поза и амбиент. Објавата брзо предизвика бројни шеги и коментари на социјалните мрежи како што се Reddit и X. На новата фотографија, Шакира седи во светло сина канцелариска столица на дрвена маса, облечена во беж комбинезон. Таа ја зазеде речиси истата поза како пред речиси 30 години, со рацете потпрени на уред пред неа. Таа напиша: „Имам чувство дека сум го видела ова и претходно“. View this post on Instagram A post shared by Shakira (@shakira) Корисниците на социјалните мрежи брзо ја забележаа клучна разлика помеѓу оригиналната фотографија и нејзината нова верзија. Додека Шакира пишува на тастатура на десктоп компјутер на фотографијата од 1997 година, на новата ги потпира рацете на инк-џет печатач Epson. Според Latestly, оригиналната фотографија е направена во 1997 година, кога Шакира ја посетила редакцијата на колумбискиот весник El Heraldo во нејзиниот роден град Баранкила за да даде интервју. Во тоа време, пејачката веќе била позната благодарение…
ZabavaСеверина позира на улиците на Загреб во провокативна облека
Северина ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии, но и со најава за песна што би можела да привлече големо внимание од јавноста. Пејачката позираше на улиците на градот во провокативно црно боди, а со фотографиите го најави својот нов музички проект. Станува збор за песната „Позови ме ти“, или „(Анксиозно)“, која е закажана да биде објавена на 6 август. Заедно со најавата за новата песна, Северина сподели и текстови во кои се зборува за борбата со анксиозноста и немирот. Фотографиите брзо го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, кои го пофалија нејзиниот изглед и новата објава во коментарите. Северина на фотографиите позира на улиците на Загреб, а нејзиниот стајлинг дополнително ја нагласи гламурозната и донекаде кинематографската атмосфера на целата приказна. Во објавата, пејачката го откри и тимот што работел на видеото. Судејќи според првите снимки што ги сподели, Северина и овој пат подготвува визуелно впечатлив проект, а песната „Позови ме ти“ треба да внесе малку поинтимна и емотивна страна во нејзиниот музички израз. Новата песна ќе биде објавена на 6 август, а судејќи според реакциите на социјалните мрежи, интересот на публиката е веќе голем. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina)
ZabavaСнуп Дог му се закани на „Спотифај“ со тужба, тврди дека добил само 45.000 долари за милијарда преслушувања
Познатиот рапер Снуп Дог предизвика големо внимание со тврдењата дека музичката платформа „Спотифај“ (Spotify) не му исплатила доволно пари за огромниот број преслушувања на неговата музика, пишува „Вајс“. Во неодамна повторно објавено интервју за поткаст, музичарот открил дека дури размислувал да преземе правни чекори против компанијата доколку не добие објаснување за, како што тврди, неправедната … Снуп Дог му се закани на „Спотифај“ со тужба, тврди дека добил само 45.000 долари за милијарда преслушувања Read More » The post Снуп Дог му се закани на „Спотифај“ со тужба, тврди дека добил само 45.000 долари за милијарда преслушувања appeared first on Слободен печат.
ZabavaГеоргина за негативите критики му се пожали на Роналдо: „Велат дека сум дебела“
Џорџина Родригез на социјалните мрежи сподели една тема што ја мачи. Имено, таа добива сè повеќе негативни коментари на социјалните мрежи за нејзиното зголемување на телесната тежина и изгледот на телото. Таа се огласи на Инстаграм и напиша дека ги споделила своите мисли и со својот вереник Кристијано Роналдо. „Моето тело ќе се менува, исто како што се менува телото на секоја жена. И се надевам дека ќе продолжи да се менува уште многу години, бидејќи тоа ќе значи дека сум сè уште жива. Јас сум мајка на шест прекрасни деца, од кои три се девојчиња кои еден ден ќе бидат одлични жени. И ако има нешто што сакам да ги научам, заедно со Крис, на кого сум длабоко горда поради вредностите што ги пренесува како татко и како маж, тоа е дека вредноста на една личност никогаш не може да зависи од физичкиот изглед или од мислењата на странци. Таа мала доза на позитивна психологија што се обидувам да им ја дадам секој ден ми помага да продолжам да се ориентирам во овој свет полн со фантазии. Деновиве видов секакви коментари за некои од моите фотографии на бродот. Некои коментираат за моето тело, други ме бранат… Разговарав со Крис…
ZabavaДи Каприо и Безос со иницијатива вредна 200 милиони долари ќе се справуваат со исчезнувањето на најзагрозените животински видови
Под името „Финикс спишис“, актерот Леонардо ди Каприо и основачот на „Амазон“, Џеф Безос преку своите фондации „Ривајлд“ и „Фондот за Земјата“, започнаа иницијатива вредна 200 милиони долари за спасување на 100 најзагрозени животински видови на Земјата. Во фокусот на иницијативата ќе бидат опфатени десетици ретки видови од различни делови на светот, вклучувајќи лемури, саламандери, жаби, желки, игуани и други загрозени животни. Меѓу нив се и златнокрунестата сифака, висајанската брадавичеста свиња, малајскиот панголин, розовата копнена игуана и долгоклуната ехидна на Атенборо, за кои се потребни итни мерки за зачувување на популацијата. Проектот во соработка со локалните власти, еколошките организации и претставници на домородните заедници, има за цел да обезбеди секојдневна поддршка за програми што опфаќаат обновување на популациите на најзагрозените животински видови, како и зачувување на нивните природни живеалишта. (МИА)
ZabavaПродуцентот на Принц, кој помогна во создавањето на „Минеаполис саунд“, почина на 78 години
Продуцентот Дејвид З Ривкин, кој се смета за еден од создавачите на „Минеаполис саунд“, почина на 78-годишна возраст, објави „Пипл“. Братот на Ривкин, Боби З, потврдил дека Ривкин починал во недела, 2 август, во болница во Бурбанк, Калифорнија, поради компликации од инфекција. Овен Хасни, кој бил колега од бендот на Ривкин и првиот менаџер на … Продуцентот на Принц, кој помогна во создавањето на „Минеаполис саунд“, почина на 78 години Read More » The post Продуцентот на Принц, кој помогна во создавањето на „Минеаполис саунд“, почина на 78 години appeared first on Слободен печат.