Sjeverna Makedonija2568 vijesti
SportЗа оние кои се суеверни: Еве кој ќе биде светски првак!
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Понекогаш се чини дека животот, во овој случај фудбалот, ни испраќа јасни сигнали за тоа што ќе се случи. Секако, титулите не се освојуваат со суеверие или обична статистика, туку на теренот, но нависти
SportХаланд: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа
По натпреварот со Англија на СП, најдобриот фудбалер на Норвешка Ерлинг Халанд рече дека секогаш ќе се сеќава на она што го направи неговиот тим на ова СП. „Ова беше лудо патување. Мислам дека ми го промени животот, да бидам искрен“, рече напаѓачот на Манчестер Сити. Иако поразот беше тежок за целата нација, Халанд верува дека Норвешка направи огромен чекор напред и му покажа на светот дека припаѓа на самиот врв на светскиот фудбал. „Мислам дека ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа“, рече еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Норвешка го постигна најголемиот успех во својата историја на овој шампионат.
SportЛеброн Џејмс има нов клуб
Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари во историјата, донесе одлука и се враќа во Кливленд Кавалирс. Симонс откри во својот подкаст дека, според неговите сознанија, Леброн постигнал договор со Кливленд Кавалирс и дека наводно веќе го парафирал договорот со франшизата каде што ја започнал својата професионална кариера. Џејмс ќе го носи дресот на Кавс по трет пат во својата кариера (играше од 2003 до 2010 година, а потоа од 2014 до 2018 година). Најголем белег остави во 2016 година, кога со Кавалирс ги победи Голден Стејт Вориорс и им ја донесе првата шампионска титула во историјата на франшизата. Со месеци се шпекулираше дали Леброн Џејмс, но на крајот кралот ќе игра во тимот каде ја започна својата професионална кариера.
SportЈакин: Бевме подобри од Аргентина
Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин, смета дека неговиот тим бил подобар од Аргентина од која загубија со 1-3 по продолженија. Лут е на одлуката во 72-ра минута кога по прегледување на снимката Емболо доби втор жолт картон и тоа за симулирање и беше исклучен. „Гледајќи го како се одвиваше играта, бевме подобри од нашите противници, но на крај немаме ништо од тоа. Горд сум на тимот и стручниот штаб, на начинот на кој се боревме – дури и со десет играчи. Имавме иницијатива и непосредно пред исклучувањето, сакавме да направиме замена во нападот. Не знам кој го смисли ова правило, но не можеме ништо да промениме. Ако му давате жолт картон на Емболо за ова, требаше да дадете неколку пати претходно за ударите врз него. Но, на крајот, ние бевме казнетите. Не разбирам зошто бевме толку ослабени од некое правило. Начинот на кој се боревме покажува колку е полн со енергија и радост овој тим. За мене, сите мои играчи се херои“, рече Јакин.
SportКејн: Во полуфинале сме, а сѐ уште не сме го одиграле нашиот најдобар фудбал
Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн изјави дека Англија стигнала до полуфиналето на СП иако сè уште не го одиграла својот најдобар фудбал. " Беше прилично израмнет натпревар кога станува збор за поседот на топката и шансите, но кога имате некој како Џуд Белингам, кој може да го промени текот на натпреварот како што повторно го направи денес, тоа е огромен фактор. Срцето и желбата на оваа екипа нè одведоа до победата“, изјави Кејн за „Би-Би-Си“ по натпреварот. " За да освоите трофеј и да стигнете далеку на еден турнир, потребни ви се фудбалери кои решаваат натпревари. Потребни ви се играчи подготвени да го дадат и последниот атом од силата и со своите потези да го одведат тимот до целта. Џуд го направи токму тоа за нас“, додаде капитенот. На Кејн во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме му беше поништен гол поради офсајд. „Мислам дека офсајдот беше навистина минимален. Во тој момент тоа ме налути. Исто така, мислам дека требаше да добиеме пенал, кој лесно можеше да биде досуден. Но, на крајот тоа не е важно. Во полуфиналето сме и само тоа се смета“, изјави тој. Англија во полуфиналето в среда од 21 часот во Атланта ќе…
SportБелингам за Тухел: Можеби не знае како е да се игра во вакви услови…
Џуд Белингам, двојниот стрелец и херој на победата на Англија во четвртфиналето на Светското првенство против Норвешка, го одбрани настапот на својата репрезентација откако селекторот Томас Тухел го опиша како „невешт“. Англија победи
SportКостов: Драгослав Шекуларац – Шеки – Дон Жуан на светскиот фудбал /Феномен, ангел или ѓавол?/
Денес пишувам за еден спортски и уметнички феномен – Драгослав Шекуларац – Шеки. Има една изрека, која вели дека кога ќе го изговориш надимокот Шеки, мислиш на фудбал, и само на фудбал. Како само Шеки дриблаше, асистираше, шутираше, погодувашеи даваше голови. Тоа беше фудбалска поезија и симфонија отсфирена на фудбалскиот терен. Затоа да се пишува за легендарниот Драгослав Шекуларац, популарно наречен Шеки, е и лесно, ама и не баш така лесно. Лесно, бидејќи има што да се напише за неговата игра, за дриблинзите, за неговите проблесоци на светските фудбалски терени, во Париз, на Вембли, во Чиле, на Маракана, во Колумбија. Не е баш така лесно, бидејќи од многуте негови фудбалски изведби, од реализираните дриблинзи и додавања, од феноменалните игри на Олимписките игри, на двете светски првенства и безбројните блескави игри за Црвена ѕвезда, што попрво да се напише, кој натпревар да се анализира, кој дриблинг да се опише. Ги има многу, прмногу. А за незгодите, повредите, казните, прекршоците, немилите настани и глупостите што ги правеше, исто така во голем број, и да не зборуваме. Ама селекција мора да се направи и ќе се направи. Би почнал малку необично, ама објективно - негово претставување од дистанца, професионално. Францускиот весник Лекип, Париз…
SportВИДЕО | Мекгрегор се врати по пет години, но издржа само 69 секунди
Долгоочекуваното враќање на Конор Мекгрегор во Октагонот заврши на најлош можен начин. Поранешниот шампион на УФЦ во две категории беше поразен од Макс Холовеј по само 69 секунди од борбата на спектакуларниот настан УФЦ 329 во Лас Вегас. Мекгрегор се врати во кафезот по петгодишна пауза, но неговото враќање беше прекинато во првите моменти од … ВИДЕО | Мекгрегор се врати по пет години, но издржа само 69 секунди Read More » The post ВИДЕО | Мекгрегор се врати по пет години, но издржа само 69 секунди appeared first on Слободен печат.
SportХаланд со емотивна порака: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Норвежаните беа блиску до историско полуфинале, но беа поразени од Англија со 2-1 по продолженијата на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. По натпреварот, Халанд рече дека секогаш ќе се сеќава на она што го
SportСинер ќе ја брани титулата против Зверев кого го победи девет пати по ред
Во денешното машко финале на Вимблдон, третиот грен слем турнир во сезоната, од 17.00 часот ќе играат Германецот Александер Зверев и Италијанецот Јаник Зинер. Зверев ќе игра во финалето на Вимблдон за прв пат во својата кариера, а последниот германски тенисер кој го освоил овој престижен турнир бил Михаел Штих во 1991 година. Доколку ја … Синер ќе ја брани титулата против Зверев кого го победи девет пати по ред Read More » The post Синер ќе ја брани титулата против Зверев кого го победи девет пати по ред appeared first on Слободен печат.
SportСП 2026: Според ФИФА првиот гол на Белингем е регуларен
Светската фудбалска федерација ФИФА објави дека првиот гол на Англија е регуларен во дуелот со Норвешка постигнат во финишот на првиот дел. Во својата објава ФИФА истакна дека немало контакт на топката со сајлата на камерата. Голманот на Норвешка Ориан Ниланд при исфрлањето на топката со нога му даде знак на судијата дека топката ја допрела сајлата на камерата над теренот и играта според него требаше да биде прекината. Но, во продолжението ан акцијата Англија постигна гол, а во продолжението уште еден за победа. ФИФА објави снимка каде сензорот во топката не забележал контакт додека таа била во воздух, што значи дека играта била регуларна.
SportТопката погоди кабел: Голот на Англија мораше да биде поништен? (ВИДЕО)
Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолжението и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, а во судиското продолжение во првото полувреме се случи контроверзна ситуација. Англија потоа израмни на 1:1, а стрелец беше Џуд