Sjeverna Makedonija2873 vijesti
SportМатановиќ за поништениот гол: „Мислам дека почувствував мал контакт со косата“
Селекторот Златко Далиќ и хрватските репрезентативци ги изнесоа првите впечатоци по елиминацијата од Светското првенство. Хрватска беше поразена од Португалија со 2:1 во шеснаесетфиналето, по драматичен пресврт и гол во судиското продолжение. „Немам што да кажам. Жал ми е што загубивме, особено поради второто полувреме во кое бевме подобри и создававме шанси. Примивме гол во судиското продолжение, но немам што да им забележам на играчите. Се бореа и дадоа сè од себе. Топката едноставно не сакаше во гол. Имавме многу добри ситуации, но не успеавме да постигнеме втор гол. Честитки за Португалија, тешко е. Можеби не заслуживме да испаднеме, бевме рамноправни со Португалија. Што понатаму по Светското првенство? Немам коментар, ќе зборуваме подоцна за тоа“, изјави Далиќ. На Хрватска во 13. минута од судиското продолжение ѝ беше поништен гол поради офсајд, по ВАР-проверка. За таа ситуација зборуваше Игор Матановиќ, кој беше во центарот на спорниот момент. „Искрено, мислам дека почувствував мал контакт со косата и го прашав судијата што се случи. Не бев сто проценти сигурен, но тој ми рече дека во топката има чип и дека чипот регистрирал контакт. А тогаш тоа е офсајд“, рече Матановиќ. Јосип Станишиќ, пак, смета дека судијата Еспен Ескас можел подобро да го води…
SportПортугалија ја елиминираше Хрватска во луда завршница, ВАР ги фрли „коцкестите“ во очај
Фудбалерите на Португалија ја совладаа Хрватска со 2:1 во драматичен натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство. Португалците во Торонто направија голем пресврт, а херој беше Гонсало Рамош, кој во четвртата минута од судиското продолжение погоди за победа. Гледавме две сосема различни полувремиња. Првото беше без многу возбудувања, а второто донесе вистинска фудбалска лудница, со голови, поништени погодоци, пенал, стативи, пречки и судиско продолжение кое траеше речиси 20 минути. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53. минута, Кристијано Роналдо во 68. минута од пенал ја врати Португалија во игра, а Рамош во финишот го комплетираше пресвртот. Во последниот напад Хрватите ја затресоа мрежата, но ВАР реагираше и го поништи погодокот поради офсајд. Португалија во осминафиналето, на 6 јули, ќе игра против Шпанија во големото ибериско дерби. Првото полувреме мина во бавно темпо. Временските услови како да го умртвија ритамот на двете репрезентации, а единствениот удар во рамките на голот во првиот дел беше виден уште во четвртата минута. Бруно Фернандеш се обиде во два наврати, но Доминик Ливаковиќ беше сигурен. Португалија имаше поголема контрола и повеќе ја држеше топката, но нападите главно се сведуваа на центаршутеви, без вистинска опасност пред хрватскиот гол. Хрватите, од друга страна, беа фокусирани на…
SportШпанија сигурно ја мина Австрија и закажа големо дерби со Португалија!
Фудбалерите на Шпанија ја совладаа Австрија со убедливи 3:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство. Европскиот шампион одигра токму онолку колку што беше потребно за сигурен пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Мундијалот. Од самиот почеток Шпанците ја презедоа контролата врз играта, додека Австријците беа принудени да се бранат. Веќе во првата минута Ламин Јамал се закани по брза контра, најавувајќи ја доминацијата на својот тим. Како што одминуваше времето, избраниците на Луис де ла Фуенте создаваа сè повеќе опасни ситуации. Микел Ојарзабал се закани со силен удар, но Александар Шлагер одлично интервенираше. На Шпанија ѝ беше поништен и погодокот на Марк Кукуреља по корнер, поради прекршок врз голманот Шлагер. Сепак, иницијативата беше крунисана во самиот финиш на првото полувреме. По одлична акција по левата страна, Кукуреља испрати остар центаршут кон пеналтикот, каде што Ојарзабал со удар од прва ја затресе мрежата за 1:0. Шпанија можеше да ја удвои предноста уште пред паузата. Алекс Баена ја погоди пречката од слободен удар, а веднаш потоа Шлагер му одбрани чиста шанса на Јамал. И во второто полувреме Шпанците продолжија со контрола на играта. Ојарзабал и Родри имаа добри можности, а во 64. минута пристигна и вториот погодок. Повторно падна австриската…
SportМексикански картел ги заплашувал фудбалерите на Еквадор пред мечот со Мексико?
Поразот на Еквадор од Мексико со 2:0 во шеснаесетфиналето на Светското првенство предизвика големи реакции во оваа јужноамериканска земја. Ситуацијата дополнително се вжешти откако дел од еквадорските медиуми објавија тврдења дека неколку фудбалери наводно биле изложени на закани од лица поврзани со мексикански нарко-картели непосредно пред натпреварот. Според тие наводи, дел од репрезентативците пред излегувањето на теренот на стадионот „Ацтека“ добиле телефонски повици во кои им биле соопштени приватни информации за членови на нивните семејства, вклучувајќи адреси и рути на движење во Еквадор и Мексико. Еквадорските медиуми тврдат дека токму тоа можело да влијае врз психолошката состојба на тимот, кој против Мексико одигра еден од најслабите натпревари на турнирот. Сепак, за овие сериозни обвинувања засега не се презентирани јавно достапни материјални докази. Повеќе извори од Еквадор пренесоа слични информации за наводно заплашување, но случајот сè уште нема официјална потврда. За можните притисоци зборуваше и познатиот еквадорски новинар Карлос Вера, кој истакна дека има сознанија оти семејството на еден репрезентативец наводно било цел на закани. „Дали мафијата упатила закани? Имам информации дека тоа се случило со семејството на еден наш репрезентативец кој живее во Мексико. За останатите не можам да тврдам со сигурност, но само такво сценарио може да го објасни…
SportВИДЕО| Шпанија со половина сили до мундијалско осминафинале
Шпанија ја преслуша Австрија и со убедлива победа од 3-0 на стадионот во Лос Анџелес, обезбеди место во осминафиналето на Мундијалот. Предводена од расположениот Ојарзабал, кој постигна два погодоци, „фуријата“ уште еднаш покажа зошто е меѓу главните фаворити за светската титула. Натпреварот започна со иницијатива на Шпанија, Јамал и Олмо се закануваа во почетните минути, … ВИДЕО| Шпанија со половина сили до мундијалско осминафинале Read More » The post ВИДЕО| Шпанија со половина сили до мундијалско осминафинале appeared first on Слободен печат.
SportВИДЕО | Унај Симон вечерва урна рекорд на легендарниот Валтер Ѕенга
Шпанија со убедливи 3:0 ја елиминираше Австрија и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а покрај триумфот беше испишана и нова страница во историјата на Мундијалите. Шпанскиот голман Унај Симон постави нов рекорд по бројот на минути без примен погодок на светските шампионати. Со зачуваната мрежа против Австрија стигна до 519 минути без капитулација, … ВИДЕО | Унај Симон вечерва урна рекорд на легендарниот Валтер Ѕенга Read More » The post ВИДЕО | Унај Симон вечерва урна рекорд на легендарниот Валтер Ѕенга appeared first on Слободен печат.
Sport„Ако некој нема право да се жали на судиите, тоа е Реал Мадрид!“
ФОТО: Real Madrid FC/X Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, го возврати ударот кон Реал Мадрид поради извештаите дека „кралскиот клуб“ подготвил извештај за УЕФА, во кој се наведени наводни судиски грешки во корист на Барс
Sport“Фуријата“ покажа сила против Австрија (ВИДЕО)
ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија очекувано оди натаму на СП откако успеа да слави против Австрија со 3:0, во натпревар од 1/16 финалето. Стрелци на головите беа Ојарзабал два, и Поро. „Фуријата“ во целост ја оправда улогата на фавори
SportШпанија на убедлив начин ја мина Австрија и оди во осминафинале (ВИДЕО)
Првиот половина час мина во доминација на Шпанија, но таа беше јалова, без создадени чисти шанси, Австрија одлично се бранеше. Сепак, одбраната пукна во 26. минута кога по асистенција од Кукуреља, Ојарзабал постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше резултат од првото полувреме. На вториот гол се чекаше уште половина час, во 66. минута […] The post Шпанија на убедлив начин ја мина Австрија и оди во осминафинале (ВИДЕО) appeared first on МКД.МК.
SportХаос во Мексико, има и мртви!
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Четири лица загинаа за време на ноќните прослави на улиците на Мексико Сити откако мексиканската фудбалска репрезентација го победи Еквадор со 2:0 и со тоа се квалификуваше за осминафиналето на Светскот
SportСрбија сигурна против Швајцарија, Јокиќ блесна со 22 поени
Никола Јокиќ, одигра доминантен натпревар во европските квалификации за Светското првенство на ФИБА 2027 предводејќи ја Србија до убедлива победа на гости со 97-73 над Швајцарија. По враќањето во составот на српската репрезентација за летниот квалификациски циклус, трикратниот МВП на НБА повторно покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари во светот. Натпреварот го заврши со … Србија сигурна против Швајцарија, Јокиќ блесна со 22 поени Read More » The post Србија сигурна против Швајцарија, Јокиќ блесна со 22 поени appeared first on Слободен печат.
SportЏеко: Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изјави дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Светското фудбалско првенство по елиминацијата од домаќинот САД. БиХ ја мина групната фаза со четири бодови, а во шеснаесетфиналето беше поразена од САД со 2-0 во Сан Франциско. „Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди […] The post Џеко: Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме appeared first on Република.