Sjeverna Makedonija1217 vijesti
SportMaкедонските одбојкарки губат и од Косово
По поразот од Турција на отворањето на Медитеранските игри во Таранто, македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза. Ова е трет пораз за нашите одбојкарки летово од косовска селекција, откако претходно загубија исто така со по 3:1 на пријателските натпревари. Во […] The post Maкедонските одбојкарки губат и од Косово appeared first on Република.
SportПобедниците во машка и женска конкуренција на УС Опен ќе добијат идентична награда
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување […] The post Победниците во машка и женска конкуренција на УС Опен ќе добијат идентична награда appeared first on Република.
SportKeјн знае колку го ценат во Минхен
Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина ценет во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот. -Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само за моите голови – мислам дека ја ценат мојата […] The post Keјн знае колку го ценат во Минхен appeared first on Република.
SportДресот на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари!
Дресот на Мајкл Џордан што го носеше на натпреварите ќе биде најскапиот во историјата на спортот. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MVP на финалната серија беше никој друг освен Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победи со 96:54, односно 42 поени, и тоа е сепак најубедливата победа во натпреварот од финалето досега. Сега, 28 години подоцна, дресот на Мајкл Џордан од третиот натпревар е ставен на продажба и ќе стане најскапиот во историјата, бидејќи се предвидува дека ќе се продаде за неверојатни 100 милиони долари! Американските медиуми наведоа дека сопственик на овој дрес е инвеститорот и актер Роб Гоф и дека тој рано го започнал својот „лов на богатство“ и успеал да го добие тој дрес. Мајкл Џордан и Чикаго Булс потоа ја освоија втората „триплета“, односно втор пат кога успеаја да освојат три шампионски титули по ред, а во 1998 година, Чикаго беше последниот шампион на НБА. Гоф стана сопственик на овој дрес пред четири години, а сега го продава и се проценува дека тоа ќе биде првиот дрес носен на натпревар што подоцна…
SportФФМ донираше 1.740 топки за клубовите од сите шест третолигашки региони
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донираше 1.740 топки за третолигашите од сите шест региони, односно Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, топки кои ќе бидат распределени за клубовите од Третите лиги. Како што вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ова е само една од серијата донации за клубовите од домашните лиги, дополнувајќи дека редот продолжува, следна адреса ќе бидат пониските лиги. На овој начин ФФМ продолжува да дава поддршка за клубовите од пониските рангови на натпреварувања и заложбата на „Куќата на фудбалот“ за подобри услови на клубовите за тренирање и натпреварување. објавува Журнал.мк
SportКоко Гоф го освои Мастерсот во Синсинати
Коко Гоф е шампионка на Мастерсот во Синсинати, откако во американското финале ја совлада сонародничката Џесика Пегула со убедливи 6-2, 6-4. За Гоф ова е втор трофеј во Охајо, откако претходно триумфираше и во 2023 година. Со новата титула, таа им се придружи на Серена Вилијамс и Викторија Азаренка како тенисерки кои двапати го освоиле турнирот во Синсинати.
SportЦело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ
Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието на клубот, чи
SportМакедонските одбојкарки загубија од Косово на МИ во Таранто
По поразот од Турција на отворањето на Медитеранските игри во Таранто, македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза. Ова е трет пораз за нашите одбојкарки летово од косовска селекција, откако претходно загубија исто така со по 3:1 на пријателските натпревари. Во македонската репрезентација Андротеа Милевска со 20 поени беше најдобра, Љиља Ковачевиќ освои 15, Тамара Атанасова 10 поени. Тоа се трите со двоцифрен број поени. Следниот, трет, натпревар на Медитеранските игри во Таранто, Македонките ќе го играат в среда од 19 часот, против Грција.
SportЧеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…
ФОТО: UEFA.COM Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател на светс
SportОтворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
Во Центарот за параглајдинг во Крушево денес свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“. На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет. Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија и Албанија. Еден од најзначајните резултати на проектот во Крушево е изградбата на две нови полетувалишта на Црн Врв, како дел од развојот на Параглајдинг центарот Крушево. Новите полетувалишта го зголемуваат капацитетот на центарот и создаваат подобри услови за пилотите и за организација на меѓународни натпревари. Со оваа инвестиција дополнително се зајакнува позицијата на Крушево како дестинација за спортски, активен и авантуристички туризам. „Новите две полетувалишта се важен чекор за развојот на параглајдинг центарот и за создавање подобри услови за пилотите. Ова е инвестиција во спортот, туризмот и во идниот развој на Крушево. Воедно, претставува пример како природниот потенцијал на градот се претвора во конкретна развојна можност за локалната заедница, изјави градоначалникот на Крушево, Нико Чонески. На свеченоста присуствуваа претставници на Европската Унија, националните и локалните институции, Општина Елбасан, организаторите на првенството, проектните…
SportЃорческа денеска ги почнува квалификациите за УС Опен
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се […] The post Ѓорческа денеска ги почнува квалификациите за УС Опен appeared first on Република.
SportШК Алкалоид со победа тргна во одбрана на двојната круна во државните првенства
Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 поени, додека, пак, на женскиот турнир тој изнесува 1847 поени, при што има вкупно 38 шахистки, од кои 14 се со меѓународни шаховски титули. Машкиот тим на Алкалоид во првото коло тргна со убедлива победа од 5:1 над штипскиот клуб „Нов напредок“, а во второто коло беше совладан и ШК Прилеп со 4:2. Ростерот на тимот е идентичен со минатите години, при што како засилувања на првите две табли играат ВМ Александар Инѓиќ и ВМ Велимир Ивиќ, додека, пак, помладите играчи ИМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов, ИМ Филип Панчевски и ИМ Дејан Стојановски овојпат ќе го понесат товарот пред велемајсторите Трајко Недев, Драгољуб Јаќимовиќ и Звонко Станојоски. Составот на женскиот тим е исто така непроменет во последниве неколку години: на првите две табли се Грузијките ИМ Лела Јавакишвили и ВМ Бела Котенашвили…