Svijet9652 vijesti
SvijetНПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
Душеци на подот, недостиг од вода за пиење и пристап до лекар. Ова се само дел од проблемите со кои соочуваат осудените лица сместени во македонските затвори. Според последниот извештај на Националниот превентивен механизам, главен предизвик за казнено поправните установи, се уште останува пренатрупаноста. Подобрување е забележано во затворот Идризово после реновирањето на осмото крило, но при увидот пренатрупаност е утврдена во женското одделение. Наместо предвидените 70, таму биле сместени 90 затворенички. Во извештајот се нотира уште една слабост - затворскиот лекар прегледува во присуство на полицаец. „Имајќи ги предвид стандардите за доверливост на медицинските прегледи, Националниот превентивен механизам (НПМ), уште еднаш нагласува дека здравствените прегледи треба да се вршат без присуство на затворски полицајци, освен во исклучителни случаи кога медицинскиот персонал ќе процени дека постојат безбедносни причини за тоа“, изјави Соња Трифуновска, Заменик народен правобранител. Народниот правобранител ја проверувал и состојбата во психајтриската болница „Демир Хисар“, каде било утврдено дека дваесетина пациенти со лажни психајатриски вештачења го изиграле системот и избегнале ефективен затвор. „Обезбедувањето квалитетен, стручен и независен систем на психијатриско вештачење, како 13 и зајакнувањето на капацитетите на форензичката психијатрија, претставуваат важен предуслов за заштита на правата на пациентите, за правилно функционирање на правосудниот систем и за зачувување…
SvijetСтартуваа камерите Безбеден град
Стартуваа камерите на Безебеден град и во охридскиот регион. По извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца каде се случени неколку сообраќајни несреќи со десетина повредени лица а во наредниот период се очекува да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Функционирање на камерите особено за време на летната туристичка сезона кога има поголема фреквенција на возила значително ќе ја подобри безбедноста на патиштата. Портпаролот на СВР Охрид Димоски апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а особено да внимаваат на дозволената брзина на движење. Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на сообраќајни прекршоци и ќе овозможи повисок степен на безбедност на патиштата. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Стартуваа камерите Безбеден град Категорија: Македонија Новинар: Нина Аритоновска
SvijetАлиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
По промовирањето пред три месеци, шесте реновирани операциони сали на хируршките клиники и понатаму не се во функција. Уролози, детски хирурзи и ортопеди се снаоѓаат во салите на пластична хирургија и дигестивна и како што велат дел од нив понекогаш се и повеќе од 24 часа на работа. И покрај одредени изјави на лекари дека имало недостатоци кои морало да бидат отстранети, министерот за здравство денеска ги негираше таквите информации и даде рок до 3 или 4 јули хирурзите да оперираат во нови услови. „Ако ви давам датуми и ви велам дека се верификуваат сите инсталации значи дека нема пропусти туку фаза на верификација. Значи имаше само едно барање од типот тоа за миење раце било помало од тоа што очекувале и е сменето. Овој период нема врска дали има пропусти туку со административни процедури кои се неопходни и тој протокол мора да го следиме.“, вели Азир Алиу, министер за здравство. Дека административните процедури се при крај министерот за здравство најави и кон средината на мај, меѓутоа реновираните сали на хируршките клиники ќе чекаат отворање на вратите за пациенти во јули. За Азир Алиу промовирањето на кое беа министри и директори не е маркетинг туку отчет кон граѓаните. „Ако нешто…
SvijetСерија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни, но со помал интензитет. Бројката на загинати се искачи на 235, а регистрирани се 4.300 повредени. Втор ден по големиот потрес каков што Венецуела не памети во последниот век, сликата е траорна. Двата последователни земјотреси направија пустош, урнати се згради, дефекти на електричните мрежи, паднаа и комуникациските мрежи. Спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани. Голем дел од жителите останаа без својот дом. Жителите на најпогодените места како Ла Гваира се уште се на улица, стравувајќи од нови потреси. На снимка е фатен моментот кога стигнаа првите хеликоптери со спасувачките екипи, дури 20 часови по несреќата. „Сите истрчаа надвор бидејќи бевме исплашени. Семејствата и соседите се собрани тука, а некои се на паркингот зад кулата. Таму има голем паркинг. Сите остануваат на отворено, плашејќи се дека може да се случи нешто повеќе“, изјави Мариорлин Мендез, локална жителка. „Бегството беше вистинска борба бидејќи вратата беше заглавена. Воопшто не можевме да ја отвориме. Моравме со голи раце насилно да ја отвориме пред конечно да побегнеме и да истрчаме по скалите. Како што можете да видите сега, таа област претрпе сериозни оштетувања. Ѕидовите се урнаа. Всушност, едвај се извлековме во тој момент“, рече Линарес локална жителка. Спасувачки…
SvijetПреглед на вестите од светот
Украинците го извршија најголемиот ноќен напад врз Русија од почетокот на војната. Според руското Министерство за одбрана, синоќа, руските системи за воздушна одбрана „пресретнале и уништиле“ 660 украински дронови над 12 региони. Претходно, најголемиот напад со беспилотни летала беше на 17 мај, кога руската војска објави дека соборила 556 дронови. Но и Русите не мируваат. Го бомбардираа украинскиот град Запорожје. Во нападот повредени се најмалку седум лица, соопшти локалниот гувернер. Во нападот биле оштетени деловна зграда и магацини. Јужна Кореја ги проширува своите капацитети за беспилотни летала и создава системи за одбрана. Како одговор на заканите од Северна Кореја, земјата планира да истренира половина милион „дронови-војници“ и да распредели десетици илјади беспилотни системи низ првите борбени линии, соопшти денеска министерот за одбрана. Според ревидираниот план на министерството, војската има цел да воведе околу 60.000 дронови во сите воени редови до 2029 година, од кои првите 11.000 ќе бидат распоредени уште во текот на оваа година. Целта е беспилотните летала да станат стандардна опрема за секој војник. Поради безбедносни причини, Сеул целосно ќе ги отфрли кинеските делови и при изградбата на овие системи ќе користи исклучиво 100% домашно произведени компоненти. Овој чекор доаѓа по лекциите од војните во Украина и Блискиот…
Svijet(ВИДЕО) Се тече, но дали нешто и се менува – три месеци по заклучокот дека се местел советот за притворот на Марковски
Сомнежот за случувањата во Основниот суд Битола, поврзани со бизнисменот Борче Марковски, не го отвори некој друг,... The post (ВИДЕО) Се тече, но дали нешто и се менува – три месеци по заклучокот дека се местел советот за притворот на Марковски appeared first on 360 степени.
SvijetХезболах ги отфрли преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Либанското движење Хезболах денеска ги отфрли тековните преговори меѓу Либан и Израел што со посредство на САД се водат во Вашингтон, истакнувајќи дека Израел мора безусловно да се повлече од либанската територија. – Израел мора да си замине без услови и нема да помине ниту една обврска што го нарушува суверенитетот на Либан. Никој нема […]
SvijetВетеран се заканува дека војската би можела да го сврти оружјето кон Кремљ
Портпаролот Дмитриј Песков кажа дека Кремљ сè уште не го видел обраќањето, кое е објавено на Инстаграм, но дека звучело како да содржи „чудни формулации“. Објавата на ветеранот Александар Лунин, во која не наведува никакви докази ниту ги именува наводните жртви или сторители, за 24 часа собра повеќе од 12 милиони прегледи. Инстаграм е забранет […] The post Ветеран се заканува дека војската би можела да го сврти оружјето кон Кремљ appeared first on МКД.МК.
SvijetСобранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт. „Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно […] The post Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба appeared first on МКД.МК.
SvijetЗа Германците, Македонија е на врвот на листата на најевтини туристички дестинации во Европа
Додека туристите низ Европа бараат начин да заштедат на летниот одмор, најновата анализа на германскиот Завод за статистика (Дестатис) ја смести Македонија на самиот врв на листата на најповолни дестинации. Додека во некои земји туристите можат да потрошат речиси двојно помалку отколку во Германија, во други трошоците се значително повисоки. Особено се издвојуваат неколку држави … За Германците, Македонија е на врвот на листата на најевтини туристички дестинации во Европа Read More » The post За Германците, Македонија е на врвот на листата на најевтини туристички дестинации во Европа appeared first on Слободен печат.
SvijetУкраина повторно таргетираше хемиска фабрика во Русија
Гувернерот на тулскиот регион, Дмитриј Милјаев, објави дека е оштетен индустриски објект во Новомосковск, околу 200 километри јужно од Москва, пренесува Ројтерс. Неколку медиуми објавија дека станува збор за фабриката „азот“, која претседат
SvijetПратениците ги усвоија законите за судска и јавнообвинителска служба
Собранието на денешното продолжение на 108. седница ги усвои Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба, кои се дел од Реформската агенда. Од Министерството за правда велат дека се работи за едни од најзначајните законски решенија во областа на правосудството усогласени со Реформската агенда. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи сметаат дека двете […]