Svijet10010 vijesti
SvijetПакистан нападнал цели на милитантите во Авганистан, има неколку убиени терористи
Пакистан повторно нападна цели во соседен Авганистан, објаснувајќи дека нападнал скривалишта што ги користат милитантите, вклучувајќи ги и пакистанските талибанци. Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, доцна синоќа на Икс изјави дека безбедносните сили спровеле копнена операција по должината на пакистанско-авганистанската граница, пренесе ДПА. Потоа следеа напади врз скривалишта и бази во пограничниот регион што го користат милитантите, вклучувајќи ги и пакистанските талибанци, познати и како Техрик-е-Талибан Пакистан (TTP), рече тој. Според Тарар, три цели биле уништени во авганистанските провинции Пактија, Пактика и Кунар, а неколку осомничени терористи биле убиени, опишувајќи ги нападите како одговор на неодамнешните терористички напади во Пакистан, вклучувајќи го и инцидентот во пристанишниот град Карачи во саботата во кој беа убиени тројца припадници на безбедносните сили, пренесе ДПА. Првично немаше официјален коментар од владејачките исламистички талибанци во Авганистан. Локалниот радиодифузер Толо Њуз објави дека во воздушни напади биле убиени повеќе од 30 лица, а над 100 се повредени. Нуклеарно вооружен Пакистан и Авганистан од крајот на минатата година постојано разменуваат оган на границата и во внатрешноста на двете земји. Исламабад го обвинува Кабул дека им обезбедува засолниште на милитанти кои извршуваат напади во Пакистан. Кабул го негира обвинувањето, потсетува ДПА.
SvijetСЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот бран во Европа
Европа би можела да биде погодена од бран со стотици дополнителни смртни случаи како последица на незапамтениот ран летен топлотен бран, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО). Температурните рекорди повторно беа соборени ширум континентот во неделата, вклучувајќи ги Германија, Полска и Чешка, додека екстремната топлина продолжи да се движи кон исток. Во објава на […]
SvijetГерманија предлага радикални пензиски реформи — дали Австрија ќе го следи примерот?
Германската политика ja отвори една од најважните општествени дебати во последните години, како да се обезбеди одржлив пензиски систем во услови на стареење на населението. Додека во Австрија владата засега се ограничува на помали корекции и на постепено стегање на правилата за предвремено пензионирање, во Германија на маса се најдоа далеку посеопфатни предлози. Меѓу нив … Германија предлага радикални пензиски реформи — дали Австрија ќе го следи примерот? Read More » The post Германија предлага радикални пензиски реформи — дали Австрија ќе го следи примерот? appeared first on Слободен печат.
SvijetЕдно возило се преврте во тешка сообраќајка утринава, повредени повеќе лица
Рано утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајка во која едно возило се преврте. Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица.Засега нема официјални податоци за нивната состојба. Полицијата е излезена на терен и врши увид, а сообраќајот во овој дел од патот се одвива отежнато.
SvijetИзгор топло време со мала до умерена облачност
Денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени. Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе … Изгор топло време со мала до умерена облачност Read More » The post Изгор топло време со мала до умерена облачност appeared first on Слободен печат.
SvijetСЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.
SvijetОпштина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, што претставува повеќе од двојно зголемување и сериозно го оптоварува водоснабдителниот систем, се наведува во соопштението. За ова, според Општината, причина е масовното користење на водата за пиење за наводнување на тревници, бавчи и земјоделски култури, како и за миење на дворови, бекатон-површини и други површини. -Поради ваквата несовесна и неодговорна потрошувачка, високите зони веќе се соочуваат со сериозен недостиг на вода, а доколку потрошувачката не се намали, ќе биде загрозено редовното водоснабдување и во останатите населени места, се алармира во соопштението. Општина Кочани апелира до сите граѓани веднаш да престанат со користење на водата за наводнување и миење на дворови и други површини и истата да ја користат исклучиво рационално. Доколку ваквата состојба продолжи, се најавува воведување рестрикции за несовесните корисници, со цел да се обезбеди уредно и непречено водоснабдување за сите граѓани. -Апелираме до сите жители да покажат одговорност и солидарност, бидејќи само…
SvijetГо славиме Свети Тихон, епископ Аматунтски
Свети Тихон, епископ Аматунтски Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и големата ревност за Православието. Во тоа време уште имаше незнабожци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година. Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот. Татко му беше пекар. Кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите. Еднаш татко му го укори за тоа. А тој се помоли на Бога и житницата им се наполни со жито, така што со мака ја отворија. Другпат пак, засади суви прачки во лозјето, но од нив зазелене лоза и во свое време донесе плод. Тропар Како младенец возљубувајќи ја чистота, срцето во Христови раце го предаде, Тихоне Божји угодниче, благодатта накалемувајќи се на тебе, сувото лозје во градина Господова го претвори, о ти кој послужи да се срушат заблудите демонски, моли се, Христов епископе, вистината да ја запазиме, пред…
SvijetИзјава на Нетанјаху и Кац: Израел уништи голем тунел на Хезболах во јужен Либан
Израелската војска уништи голем подземен тунел на Хезболах во јужен Либан, изјавија премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава, пренесува ДПА. Тунелот бил дел од „терористичката инфраструктура“ на либанската милиција во близина на селото Мајдал Зун, се наведува во заедничкото соопштение објавено синоќа. Во соопштението се наведува дека тунелот бил долг повеќе од 200 метри и длабок повеќе од 25 метри. Во него биле пронајдени стотици парчиња оружја и неколку силоси за лансирање наменети за напади врз израелска територија, наведоа двајцата. Војската соопшти дека тунелот бил на околу 10 километри од израелската граница. Израел ги информирал САД однапред за операцијата за уништување на инфраструктурата, се додава во соопштението, наведува ДПА. Либанците изјавија дека земјата се тресела за време на огромната експлозија. Во јужен Либан и натаму е тензично и покрај официјалното прекин на огнот и договорот за рамковен договор меѓу Израел и Либан. Двете земји во петокот се согласија за патот кон мир и безбедност по децении војна. Хезболах, меѓутоа, го отфрли договорот. Милицијата не беше вклучена во преговорите и цврсто го отфрли разоружувањето предвидено со договорот, потсетува германската агенција. За разлика од барањата на раководството во Техеран и Хезболах, рамковниот договор бара од Израел…
SvijetНеколку улици без струја во општините Кисела Вода и Карпош
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 29.06.2026 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: - Ул Герника бр.8 и бр.10 Драчево о. К. Вода од 05,00ч до 13,00ч; - Ул. Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево о. К. Вода од 05,00ч до 13,00ч; - Ул. Вангел Дину и дел од непарни броеви на ул Франц Прешерн нас. Влае о. Карпош од 09,00ч до 13,00ч.
SvijetСАД и Иран постигнаа договор за запирање на меѓусебните напади, состанок закажан за вторник во Доха
САД и Иран постигнаа договор за запирање на нивните поморски напади и планираат да се сретнат во Доха во вторник за да продолжат со разговорите за спорни прашања, вклучително и безбедноста на бродовите низ Ормутскиот теснец, објавија медиумите, повикувајќи се на неколку високи американски претставници. „Одлучивме да ги запреме сите кинетички активности“, рече претставникот, користејќи […]
SvijetВИДЕО: Трамп се соочува со порази во обидите да ги промени изборните правила
Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го промени начинот на спроведување на изборите се соочија со сериозни пречки, откако судовите донесоа повеќе пресуди против неговата администрација, а дел од републиканските сенатори одбија да ги поддржат неговите предлози. Според Washington Post, овие неуспеси го налутиле Трамп, кој во пресрет на... Текстот ВИДЕО: Трамп се соочува со порази во обидите да ги промени изборните правила е превземен од А1он.