Svijet5426 vijesti
SvijetТрамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. - Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. - Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи, посочи Трамп одговарајќи на прашањето колку долго ќе траат преговорите. Трамп наведе и дека Иран сака преговори „бидејќи многу тешко го погодивме“. САД на 25 јули ја стопираа двонеделната кампања на воздушни напади врз Иран. Министерство за надворешни работи на Иран соопшти дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници и оти Техеран не се откажал од дипломатијата. Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи наведе оти извештаите дека Иран бара разговори се „измислени“. - Тоа не е во нашата ДНК, посочи Багаеи.
SvijetНа ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.