Svijet5448 vijesti
SvijetНа денешен ден е родена Мајка Тереза – скопјанката која го освои светот со својата хуманост
Нејзиниот живот бил посветен на помагањето на сиромашните, болните и најранливите. На 18-годишна возраст го напуштила Скопје и се приклучила на сестрите од Лорето, по што заминала во Индија. Таму постепено го започнала своето долгогодишно мисионерско и хуманитарно дело. Во 1950 година, со одобрение од Светата Столица, Мајка Тереза го основала редот „Мисионерки на милосрдието“, чија основна мисија била грижата за „најсиромашните од сиромашните“. Нејзината работа со текот на годините се проширила низ целиот свет. Нејзината посветеност на човечкото достоинство и помошта за луѓето кои страдаат била препознаена и на меѓународно ниво. Во 1979 година Мајка Тереза ја добила Нобеловата награда за мир за нејзината работа во помагањето на луѓето кои страдаат. Мајка Тереза починала на 5 септември 1997 година во Калкута, на 87-годишна возраст. Во 2016 година, папата Франциск ја прогласил за светица. Денес, 116 години по нејзиното раѓање, Скопје го одбележува споменот на една од најпознатите личности родени во градот. Нејзиното име останува трајно поврзано со Скопје, но и со една универзална порака за човечност, милосрдие и помош кон оние на кои им е најпотребна.
SvijetМанастирот во Матка се подготвува за празникот Успение на Пресвета Богородица, Божествената литургија во петок ќе започне во 8:30 часот
Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит Австралиско-новозеландски Никола. Верниците во манастирот почнуваат да пристигнуваат уште на 27 август во попладневните часови, а најбројни се на самиот ден на празникот. Ги има од секаде. Од Скопје и околината, а за локалните жители од Горна и Долна Матка, од Сарај и околината, за ѓорчепетровци...ова е традиција што не смее да се заборави. Во дворот на манастирот традиционално се одржува и крводарителска акција, а за верниците се подготвува и манастирски ручек. Она што е новина годинава, е што по повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка. Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот. (МИА)
SvijetМанастирот во Матка се подготвува за празникот Успение на Пресвета Богородица
Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, […] The post Манастирот во Матка се подготвува за празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.
SvijetДенот топол и сончев, попладне пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.
SvijetСе одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза
Мајка Тереза е еден од најзначајните хуманитарци на 20 век. Родена е како Гонџа Агнес Бојаџиу во... The post Се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on 360 степени.
SvijetШТО БАРАШЕ ПРВИОТ ШПИОН НА САД ВО МОСКВА? - Еве што откриваат од Кремљ
Посетата на шефот на американската ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва е исклучиво поврзана со директни контакти меѓу специјалните служби на двете земји, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Вашингтон пост“....
SvijetВкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата. Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника каѓу заглавените луѓе, јави ДПА. Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри над земјата. Уште пред полноќ, реквизитот бил повторно ставен во функција и луѓето успеале да се симнат неповредени и без помош од пожарникарите, изјави портпаролот на полицијата. Германската организација за техничка инспекција ТИФ е меѓу оние кои се очекува да истражат што го предизвикало инцидентот. Рингишпилот е дел од летниот саем во Хамбург „Зомердом“ кој трае до недела. Оваа година настанот за првпат се одржува пет недели, за разлика од претходно кога траеше четири. Повеќе од 1,3 милиони луѓе го посетија „Зомердом“ минатата година, според податоците на организаторите.
SvijetБОРБАТА НЕ СТИВНУВА - Активни три опасни пожари
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи.
SvijetТрамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела. „Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Во нејзина чест, наредувам спуштање на американското знаме ширум Соединетите Држави на период од една недела, почнувајќи од 18:00 часот. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, наведе Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social). Доли Партон почина вчера на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Доли Партон освои 11 „Греми“ награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело. Со класичните песни, меѓу кои се Coat of Many Colors, Jolene и I Will Always Love You, таа стана една од најпродаваните уметници на сите времиња со над 100 милиони продадени плочи, а се оствари и како текстописец и глумица. (МИА)
„5 минути со Чавез“: На Рама не му се слуша македонската химна, за Тиранската платформа имаше мерак
Артан Груби ни пет минути не се задржа во судница. За џабе го вадеа од дома во Чаир да му го расипат раатот. Не дојде ниту другар му Прпарим, веројатно уште се нема испазарено со Обвинителството. Туку зошто и Артан и Прпарим имаат за бранители Македонци. Каде им е правичната застапеност. Балансерот и Бадентерот изгледа […] The post „5 минути со Чавез“: На Рама не му се слуша македонската химна, за Тиранската платформа имаше мерак appeared first on Република.
SvijetПарите доаѓаат кај Бикот, интересна порака за Близнаците
Овен Работа: Денешната енергија ве принудува да донесувате брзи одлуки, но внимавајте да не ги прескокнете важните административни чекори. Очекувајте покана за нов проект што бара ваша храброст и иницијатива. Не влегувајте во конфликти со вашите претпоставени поради ситни правила. Љубов: Страсна средба на неочекувано место ќе ви го подобри расположението и самодовербата. Избегнувајте непотребни расправии со партнерот за ситници кои всушност не се важни. Слободните би можеле да добијат храбра порака од личност од минатото. Здравје: Полни сте со енергија, но можна е привремена главоболка поради недостаток на течности. Пијте повеќе вода и избегнувајте директна сончева светлина или загушливи простории во средината на денот. Кратка медитација ќе ви помогне да го насочите вишокот енергија. Бик Работа: Стабилноста е ваш најголем приоритет, а денес ќе добиете потврда дека вашите претходни инвестиции биле солидни. Можна е мала финансиска добивка или отплата на стар долг што веќе сте го отпишале. Не брзајте со нови потписи. Љубов: Вашиот партнер ќе ја цени вашата практичност и поддршка во домашните обврски што се натрупале. Слободните Бикови би можеле да го привлечат вниманието на една личност преку деловни контакти. Вечерта е идеална за опуштање со добра храна. Здравје: Чувствителноста на грлото може да предизвика проблеми со…
SvijetАКО ИЗЛЕГУВАТЕ ОД МАКЕДОНИЈА погледнете што се случува на границите
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ....