Svijet5535 vijesti
SvijetПоевтино гориво од утре: Дизелот поевтинува за 8 денари, бензините за 4 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Од 11 август 2026 година од 00:01 часот, горивата ќе поевтинат во просек за 5,81 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 4 август. Најголемо […]
SvijetХостеса од Хвар ја избркала Александра Пријовиќ од ресторан- пејачката јавно и одговори
Пејачката Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ и нивните деца летува на црногорското и хрватското приморје, а една тиктокерка раскажа што се случило на Хвар кога ја сретнала Александра со семејството. Имено, девојката која работи како хостеса во еден ресторан раскажала како не им дозволила на Пријовиќ и Филип да влезат во ресторанот поради правилата […] The post Хостеса од Хвар ја избркала Александра Пријовиќ од ресторан- пејачката јавно и одговори appeared first on Република.
SvijetИлиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -И покрај обидите на поединци блиски до СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд да ја оспорат оваа мерка, Владата остана доследна на својата определба да ги заштити интересите на пензионерите и да обезбеди подобар животен стандард. За семејствата во кои двајца членови се пензионери, ова значи дополнителни 14.000 денари месечно во домашниот буџет. Ова се финансиски средства кои значително придонесуваат за подостоинствен живот на пензионерите и за нивно полесно справување со секојдневните трошоци. Од друга страна, потенцираме дека Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. Проблемите се јасно детектирани, се преземаат конкретни мерки, а новиот Буџет има силна развојна компонента која ќе придонесе економските индикатори дополнително да…
SvijetВИДЕО | „ПРВИОТ ВПЕЧАТОК“ за Скопје предизвика реакции кај твитерџиите - Ѓубре и запуштена околина кај автобуска станица
На видеото, кое го објави профилот со псевдоним „ЛаБуБу“, се гледа расфрлан отпад покрај тротоарот, како и запушен тревник во непосредната околина на автобуската станица.
SvijetЦелосно изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
Според командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот... The post Целосно изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка appeared first on 360 степени.
SvijetДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 8 ДЕН. - Ова е цената на бензинот
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто....
SvijetВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица
Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест поради незадоволството од откупната цена на црвената пиперка „ајварка“. Производителите бараат повисока откупна цена, со образложение дека актуелните услови не ги покриваат трошоците за производство и вложувањата во текот на сезоната. View this post on Instagram A post shared by Strumica... Текстот ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица е превземен од А1он.
SvijetНетанјаху: Израел го отфрла планот на Трамп за Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху официјално го отфрли планот од 15 точки за Газа, предложен од Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Документот требаше да ја дефинира втората фаза од договорот за прекин на огнот постигнат во октомври минатата година, со кој беше завршена двегодишната војна меѓу Израел и Хамас. Според планот, Хамас треба да се разоружа, а Израел да се повлече од територијата. Сепак, во документот не е јасно наведено кој од овие два чекора треба да се случи прв. – Израел го отфрла документот од 15 точки за Газа, предложен од Одборот за мир. Израелските одбранбени сили нема да се повлечат сè додека Хамас не биде разоружан – изјави Нетанјаху на неделната седница на владата во неделата. Белата куќа, наводно, не била вознемирена од неговата изјава и сметала дека ставот на Нетанјаху е дел од неговата кампања пред изборите во Израел. – Ги разбираме политичките потреби на Биби. Немаме проблем со тоа сè додека продолжува да го прави она што го бараме од него, особено во однос на ограничувањето на нападите во Газа – изјавил висок американски функционер, пренесе новинарот на „Аксиос“, Барак Равид. Според истиот функционер, Нетанјаху минатата недела, во телефонски разговор со Џаред Кушнер, пратеник…
SvijetАндоновски: Филипче нема право да морализира за случајот во Гостивар
Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот рече Мартин Андоновски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар. „Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат. Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите.“ Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед, кажа Андоновски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=6cf6LPX0D6U[/embed]
SvijetПоевтино гориво од утре: Дизелот поевтинува за 8 денари, бензините за 4 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава. Од 11 август 2026 година од 00:01 часот, горивата ќе поевтинат во просек за 5,81 отсто во однос на цените утврдени со претходната одлука од 4 август. Најголемо намалување има кај дизелот, чија максимална малопродажна цена се намалува за 8 денари за литар. Од утре, Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се продава за најмногу 91,50 денари за литар. Поевтинуваат и бензините. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 4 денари и ќе изнесува најмногу 87 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за најмногу 89 денари за литар. Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство. Неговата цена се намалува за 6 денари и од утре ќе изнесува најмногу 92,50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 денари за килограм, па новата максимална цена ќе изнесува 43,538 денари за килограм. Од РКЕ информираат дека намалувањето на цените е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат намалување од 6,186 отсто, дизелот од…
SvijetОвие работи не треба лесно да ги фрлате во ѓубре
Професионалните организатори во „Good Housekeeping“ наведоа 11 видови предмети што не треба да се фрлаат во ѓубре при расчистување на домот, од документи и кабли до алатки и материјали за итни случаи. Списокот вклучува важни документи, вклучувајќи даночни, правни, медицински и училишни документи. Организаторот Ешли Хајнс рече дека организирањето на овие документи прво им овозможува […] The post Овие работи не треба лесно да ги фрлате во ѓубре appeared first on Република.
SvijetПетмина се самоубиле за еден месец во американската Сајбер команда — што им се случува на воените хакери?
Американската Сајбер команда истражува серија самоубиства меѓу својот персонал, откако во период од околу еден месец летово починале петмина што работеле во оваа единица или биле тесно поврзани со неа. Случаите предизвикале загриженост меѓу военото раководство и конгресмените, особено поради долгогодишните предупредувања за психичкото здравје на воените сајбер оператори, пишува „Џапен тајпс“. Сајбер командата е … Петмина се самоубиле за еден месец во американската Сајбер команда — што им се случува на воените хакери? Read More » The post Петмина се самоубиле за еден месец во американската Сајбер команда — што им се случува на воените хакери? appeared first on Слободен печат.