Sport2981 vijesti
SportМеси: Никогаш не сум играл против Англија, ќе биде интересно
Лионел Меси никогаш досега не играл против Англија, а двете репрезентации ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство во Северна Америка. Последниот дуел меѓу Англија и Аргентина беше во ноември 2005 година на пријателски натпревар. Меси тогаш веќе беше дел од аргентинската репрезентација, но поради суспензија го следеше натпреварот од трибините. " Натпреварите против големите репрезентации секогаш се посебни. Никогаш досега не сум играл против Англија, па ова ќе биде уникатен натпревар. Станува збор за полуфинале на Светско првенство. Сега ќе се одмориме, а потоа ќе почнеме да се подготвуваме. Вложивме огромен напор, двапати моравме да играме продолженија, а одигравме и уште еден натпревар. Тоа покажува нешто“, изјави Меси. Лионел Меси објави и порака на социјалните мрежи: „Повторно моравме да страдаме, но овој тим никогаш не престанува да верува. Повторно сме меѓу четирите најдобри репрезентации во светот.“
SportКога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….
Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит со мака ја мина Швајц
SportСуперкомпјутерот на Опта предвидува кој ќе биде новиот светски шампион
По драматичните четвртфинални натпревари на Светското фудбалско првенство, во игра остануваат само четири репрезентации во трката за титулата. Последниот африкански претставник Мароко беше елиминиран од Франција, Белгија беше елиминирана од Шпанија, Норвешка со Ерлинг Халанд загуби од Англија, а Аргентина мораше да игра продолженија за да ја победи Швајцарија. Во пресрет на претстојните полуфиналиња, суперкомпјутерот … Суперкомпјутерот на Опта предвидува кој ќе биде новиот светски шампион Read More » The post Суперкомпјутерот на Опта предвидува кој ќе биде новиот светски шампион appeared first on Слободен печат.
SportНатпреварот Англија – Аргентина ќе биде историски за Меси
Големата класика на светскиот фудбал помеѓу Англија и Аргентина се враќа на најголемата сцена по повеќе од 20 години пауза. Двата тима закажаа спектакуларно полуфинале на Светското првенство 2026, кое ќе остане запишано во историјата со уште еден куриозен факт – ова ќе биде првиот официјален натпревар на Лионел Меси против Англичаните во целата негова … Натпреварот Англија – Аргентина ќе биде историски за Меси Read More » The post Натпреварот Англија – Аргентина ќе биде историски за Меси appeared first on Слободен печат.
SportНикогаш во историјата не сме виделе вакво полуфинале на Светското првенство
Познати се полуфиналните двојки на Светското фудбалско првенство, Франција – Шпанија и Аргентина – Англија. Овие четири репрезентации останаа во трката за титулата светски шампион, а со нивниот пласман е поставен преседан во историјата на натпреварувањето. За прв пат откако беа воведени ранг-листите на ФИФА на почетокот на 1990-тите, четирите најдобро рангирани репрезентации во светот … Никогаш во историјата не сме виделе вакво полуфинале на Светското првенство Read More » The post Никогаш во историјата не сме виделе вакво полуфинале на Светското првенство appeared first on Слободен печат.
SportЗа оние кои се суеверни: Еве кој ќе биде светски првак!
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Понекогаш се чини дека животот, во овој случај фудбалот, ни испраќа јасни сигнали за тоа што ќе се случи. Секако, титулите не се освојуваат со суеверие или обична статистика, туку на теренот, но нависти
SportХаланд: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа
По натпреварот со Англија на СП, најдобриот фудбалер на Норвешка Ерлинг Халанд рече дека секогаш ќе се сеќава на она што го направи неговиот тим на ова СП. „Ова беше лудо патување. Мислам дека ми го промени животот, да бидам искрен“, рече напаѓачот на Манчестер Сити. Иако поразот беше тежок за целата нација, Халанд верува дека Норвешка направи огромен чекор напред и му покажа на светот дека припаѓа на самиот врв на светскиот фудбал. „Мислам дека ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа“, рече еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Норвешка го постигна најголемиот успех во својата историја на овој шампионат.
SportЛеброн Џејмс има нов клуб
Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари во историјата, донесе одлука и се враќа во Кливленд Кавалирс. Симонс откри во својот подкаст дека, според неговите сознанија, Леброн постигнал договор со Кливленд Кавалирс и дека наводно веќе го парафирал договорот со франшизата каде што ја започнал својата професионална кариера. Џејмс ќе го носи дресот на Кавс по трет пат во својата кариера (играше од 2003 до 2010 година, а потоа од 2014 до 2018 година). Најголем белег остави во 2016 година, кога со Кавалирс ги победи Голден Стејт Вориорс и им ја донесе првата шампионска титула во историјата на франшизата. Со месеци се шпекулираше дали Леброн Џејмс, но на крајот кралот ќе игра во тимот каде ја започна својата професионална кариера.
SportЈакин: Бевме подобри од Аргентина
Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин, смета дека неговиот тим бил подобар од Аргентина од која загубија со 1-3 по продолженија. Лут е на одлуката во 72-ра минута кога по прегледување на снимката Емболо доби втор жолт картон и тоа за симулирање и беше исклучен. „Гледајќи го како се одвиваше играта, бевме подобри од нашите противници, но на крај немаме ништо од тоа. Горд сум на тимот и стручниот штаб, на начинот на кој се боревме – дури и со десет играчи. Имавме иницијатива и непосредно пред исклучувањето, сакавме да направиме замена во нападот. Не знам кој го смисли ова правило, но не можеме ништо да промениме. Ако му давате жолт картон на Емболо за ова, требаше да дадете неколку пати претходно за ударите врз него. Но, на крајот, ние бевме казнетите. Не разбирам зошто бевме толку ослабени од некое правило. Начинот на кој се боревме покажува колку е полн со енергија и радост овој тим. За мене, сите мои играчи се херои“, рече Јакин.
SportКејн: Во полуфинале сме, а сѐ уште не сме го одиграле нашиот најдобар фудбал
Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн изјави дека Англија стигнала до полуфиналето на СП иако сè уште не го одиграла својот најдобар фудбал. " Беше прилично израмнет натпревар кога станува збор за поседот на топката и шансите, но кога имате некој како Џуд Белингам, кој може да го промени текот на натпреварот како што повторно го направи денес, тоа е огромен фактор. Срцето и желбата на оваа екипа нè одведоа до победата“, изјави Кејн за „Би-Би-Си“ по натпреварот. " За да освоите трофеј и да стигнете далеку на еден турнир, потребни ви се фудбалери кои решаваат натпревари. Потребни ви се играчи подготвени да го дадат и последниот атом од силата и со своите потези да го одведат тимот до целта. Џуд го направи токму тоа за нас“, додаде капитенот. На Кејн во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме му беше поништен гол поради офсајд. „Мислам дека офсајдот беше навистина минимален. Во тој момент тоа ме налути. Исто така, мислам дека требаше да добиеме пенал, кој лесно можеше да биде досуден. Но, на крајот тоа не е важно. Во полуфиналето сме и само тоа се смета“, изјави тој. Англија во полуфиналето в среда од 21 часот во Атланта ќе…
SportБелингам за Тухел: Можеби не знае како е да се игра во вакви услови…
Џуд Белингам, двојниот стрелец и херој на победата на Англија во четвртфиналето на Светското првенство против Норвешка, го одбрани настапот на својата репрезентација откако селекторот Томас Тухел го опиша како „невешт“. Англија победи
SportКостов: Драгослав Шекуларац – Шеки – Дон Жуан на светскиот фудбал /Феномен, ангел или ѓавол?/
Денес пишувам за еден спортски и уметнички феномен – Драгослав Шекуларац – Шеки. Има една изрека, која вели дека кога ќе го изговориш надимокот Шеки, мислиш на фудбал, и само на фудбал. Како само Шеки дриблаше, асистираше, шутираше, погодувашеи даваше голови. Тоа беше фудбалска поезија и симфонија отсфирена на фудбалскиот терен. Затоа да се пишува за легендарниот Драгослав Шекуларац, популарно наречен Шеки, е и лесно, ама и не баш така лесно. Лесно, бидејќи има што да се напише за неговата игра, за дриблинзите, за неговите проблесоци на светските фудбалски терени, во Париз, на Вембли, во Чиле, на Маракана, во Колумбија. Не е баш така лесно, бидејќи од многуте негови фудбалски изведби, од реализираните дриблинзи и додавања, од феноменалните игри на Олимписките игри, на двете светски првенства и безбројните блескави игри за Црвена ѕвезда, што попрво да се напише, кој натпревар да се анализира, кој дриблинг да се опише. Ги има многу, прмногу. А за незгодите, повредите, казните, прекршоците, немилите настани и глупостите што ги правеше, исто така во голем број, и да не зборуваме. Ама селекција мора да се направи и ќе се направи. Би почнал малку необично, ама објективно - негово претставување од дистанца, професионално. Францускиот весник Лекип, Париз…