Sport1209 vijesti
SportСтоле не успеа да го спречи Бетис, пораз на Валенсија на „Местаља“
Столе Димитриевски и Валенсија вечерва доживеаја прв пораз во новата сезона на Ла Лига и тоа на домашен терен против екипата на Бетис. Во одигрувањето на мечот од 1. коло, Бетис успеа со голот на Гарсија во 82. минута од натпреварот д
SportЛШ: Сабах со историски пласман во ЛШ, Бодо ја потврди „класата“
Азербејџански Сабах обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, победувајќи го Хапоел Бершева со вкупен резултат од 6-4 во плејофот, откако го доби реваншот дома со 5-2 (1-1, 3-2) по продолженијата. Првиот натпревар заврши со
SportЕлмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб (ФОТО)
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот на Аталанта. Клубот од Бергамо во неделата ја почна новата сезона во Серија А со победа на домашен терен над Сасуоло од 2-1 во натпревар во кој Елмас влезе од клупата за резервни играчи во 81 минута. „Се надевам дека ќе се снајдам добро и ќе ја вратам довербата на клубот во мене. Играв на многу различни улоги во текот на мојата кариера, па можам да работам на неколку позиции и да се адаптирам каде што е потребно. Важно е секогаш да бидам подготвен и да дадам сè за тимот“, додаде Елмас, кој дојде во Аталанта како позајмен фудбалер од германски Лајпциг. Аталанта е третиот италијански клуб во кариерата на Елмас, кој настапуваше и за Торино, како и Наполи со кој во 2023 ја освои и титулата во Калчолигата
SportБруно Фернандеш е прогласен за „Играч на сезоната“ во Англија
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за играч на сезоната од страна на Професионалната фудбалска асоцијација (PFA). Наградата е за сезоната 2025/26 во англиската Премиер лига. Минатата сезона, Бр
SportСеверна Ирска ја повлече поддршката на Инфантино
Фудбалската федерација на Северна Ирска (ИФА) објави денеска дека е време за промени во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и порача оти нема да гласа за реизбор на претседателот Џани Инфантино идната година. Првиот човек на светскиот фудбал е под силен притисок изминатите недели поради неговиот контроверзен план да продаде 21 процент од комерцијалните права на турнирите во организација на ФИФА на приватни инвеститори. Плановите на Инфантино се изјаловија по жестоките критики, а Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања спонзорирани од ФИФА. ИФА претходно ја поддржа позицијата на УЕФА без формално да ја повлече својата поддршка за Инфантино, но сега изјави дека нејзиниот план отворил фундаментални прашања за работата на претседателот. „Предлогот за продажба на дел од средствата на ФИФА на приватен инвестициски фонд без консултации е повеќе од неуспех во комуникацијата. Според наше мислење, тој поведува фундаментални прашања за стратегијата, управувањето и одговорното располагање со нашите средства. Веруваме дека дојде време за промени“, се вели во соопштението на ИФА. Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска претходно јавно ја повлекоа својата поддршка за Инфантино, кој идниот март треба да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА. Претходно, поддршката на Инфантино…
SportЈувентус има нов голман, полски репрезентативец
Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милион
SportВероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во борење
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал. The post Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во борење appeared first on Република.
SportНкунку си замина од Милан и се врати во Лајпциг
Кристофер Нкунку се врати во РБ Лајпциг. Германскиот клуб го објави потпишувањето на 28-годишниот напаѓач на позајмица од Милан со опција за откуп. Претходно беше објавено дека позајмицата ќе го чини Лајпциг 3,5 милиони евра, додека п
SportПознато е кога Мусиала на фудбалските терени
Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт. Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач. Деталните прегледи покажаа дека двата инциденти се резултат на невролошка дисфункција, односно таканаречени „напади на отсуство“ кои предизвикуваат краткотрајни прекини на свеста. Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, потврди дека клубот знае за овој проблем и дека тој трае долго време. “За ова знаеме од минатата сезона и тоа ни стана секојдневна рутина. Благодарение на добро прилагодената терапија, Џамал ги држеше нападите под контрола. Сепак, неодамна малку ја намали дозата на лекови, па сега мора повторно да ја зголемиме“- објасни Еберл. По двата колапси против Лајпциг и Хајденхајм, медицинскиот тим на клубот веднаш ја прилагоди терапијата за да го врати Мусиала во стабилна состојба без понатамошни напади. Со оглед на тоа што новата доза на лекови обично трае помеѓу 10 и 14 дена за да го постигне својот целосен ефект, претпазливоста е од најголема важност. Специјалистите што го лекуваат Мусиала експресно му советуваа да…
SportВероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во борење
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал.
SportДарко Ѓукиќ не мрда од ГРК Охрид
Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, од Србија. Неофицијално раководството било во преговори со српскиот ракометар а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во ЛШ. Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе остане и во новата сезона. Ѓукиќ во редовите на Охрид дојде од Вардар, а минатата сезона го езерскиот тим го освоија ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое ќе бидат дел и во оваа сезона.
Sport“Бомба“: Ѕвездата на Ливерпул се сели во Манчестер Сити?!
ФОТО:facebook.com/mancity/ Останувањето на Коди Гакпо во Ливерпул е неизвесно веќе некое време. Холанѓанецот, кој беше доведен од Јирген Клоп во зимата 2023 година за повеќе од 40.000.000 евра, игра нестабилно, иако неговата позиција н