Sport1235 vijesti
SportДали на Винисиус ќе му бидат доволни 22 милиони евра кои му ги нуди Реал?
– Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ESPN“. Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот. Винисиус е […] The post Дали на Винисиус ќе му бидат доволни 22 милиони евра кои му ги нуди Реал? appeared first on Република.
SportНа Нејмар му е рано за пензија
Таткото на Нејмар објави дека неговиот син сè уште може да игра за бразилската репрезентација. На 29 јули, 34-годишниот Бразилец објави дека го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. – Не можам да гарантирам дека тој е 100 проценти завршен со репрезентацијата. Можеби сè уште ќе се врати, го […] The post На Нејмар му е рано за пензија appeared first on Република.
SportНејмар: Не размислувам за пензионирање
Таткото на Нејмар објави дека неговиот син сè уште може да игра за бразилската репрезентација. На 29 јули, 34-годишниот Бразилец објави дека го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. - Не можам да гарантирам дека тој е 100 проценти завршен со репрезентацијата. Можеби сè уште ќе се врати, го цитираше инсајдерот Фабрицио Романо таткото на Нејмар на социјалната мрежа Икс. Нејмар одговори со насмевка: „Не е мојот татко тој што игра за репрезентацијата“. Тој исто така рече дека во моментов не размислува за пензионирање. - Не размислувам за пензионирање. Имам договор со Сантос до декември и сега сакам да направам сè што можам за клубот. После тоа, ќе ги разгледам моите опции: да останам, да си заминам, да се пензионирам или да продолжам да играм... Не знам. Сè уште има време до декември. Ќе видиме, рече Нејмар. Нејмар го имаше своето деби за бразилската репрезентација во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата во сите натпреварувања, постигнувајќи 80 гола и 59 асистенции, станувајќи најдобар стрелец на тимот на сите времиња. (МИА)
SportИзненадување:Манчестер Јунајтед го смени тренерот пред стартот на сезоната!
ФОТО: Manchester United/FB Токму кога работите се консолидираа на „Олд Трафорд“ под водство на Мајкл Карик, сосема неочекувано се случи фудбалски земјотрес во женскиот тим на Манчестер Јунајтед. Најуспешниот менаџер во историјата на кл
SportПокетино останува селектор на САД до 2030 година
Фудбалската федерација на САД официјално потврди дека Маурисио Покетино ќе остане на селекторското столче најмалку до СП во 2030 година. Откако ја презеде селекцијата во септември 2024 година, Покетино го подигна нивото на игра и испиша историја на Мундијалот во 2026. Под негова палка, Американците ја освоија својата група, стигнаа до осминафиналето и ја забележаа првата елиминациска победа на светските првенства по 2002 година – поставувајќи нов национален рекорд по број на победи на еден турнир. Улогата на Покетино повеќе нема да биде врзана исклучиво за сениорскиот тим. Заедно со неговиот стручен штаб, тој добива пошироки надлежности кои вклучуваат и менторирање и развој на младинските национални селекции. Маурисио Покетино сериозно се поврзуваше со клупата на Аргентина, како можен наследник на Лионел Скалони, особено по поразот на „гаучосите“ од Шпанија во финалето на неодамнешниот Мундијал.
SportОдбојкарите се на 54. место на најновата светска ранг-листа
Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија направи пад од едно место на најновата ФИВБ ранг листа на најдобрите светски одбојкарски репрезентации. По завршницата на Лигата на нации македонската репрезентација се најде на 54. позиција На врвот на Светската листа нема промени. Полска која вчера ја освои Лигата на нации остана на првото место, пред селекциите на Италија и Русија. Во ТОП 5 листата се наоѓаат и Словенија и САД. Бугарија која ќе бид епрв противник на Македонија на претстојното Европско првенство остана на 9. место на светската ранг-листа.
SportСкопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо
Од 8 до 9 август, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Европскиот јуниорски куп во џудо, еден од најзначајните меѓународни настани за млади џудисти. На турнирот ќе настапат 346 џудисти од 34 држави, кои ќе ги одмерат силите во борба за највисок пласман и вредни бодови на европската сцена. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, од 10 до 12 август ќе се одржи меѓународен тренинг камп, на кој учесниците ќе имаат можност да тренираат заедно, да разменат искуства и да ја подигнат својата спортска форма со врвни џудисти од Европа. Џудо федерацијата на Македонија ги поканува сите љубители на спортот и џудото да бидат дел од овој голем меѓународен спортски настан и да ги поддржат младите натпреварувачи.
SportАмериканецот Тајшон Комер нов бек на ТФТ Скопје
Македонскиот тим ТФТ Скопје донесе ново засилување во своите редови. Се работи за Американецот Тајшон Комер - динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух. Комер оваа сезона се истакна како еден од најдобрите кошаркари на Универзитетот Невада, завршувајќи како трет стрелец на тимот со просек од 12,5 поени по натпревар, прв по асистенции со 3,7 по натпревар и четврти по бројот на украдени топки (20).
SportЏордан Хендерсон официјално фудбалер на Челзи!
Џордан Хендерсон и официјално е нов член на Челзи, со кого потпиша двегодишен договор, откако ја прекина соработката со Брентфорд по меѓусебен договор, соопшти клубот. Искусниот 36-годишен играч од средниот ред се приклучува во редовите на лондонскиот клуб по една сезона во Брентфорд, за која одигра 32 натпревари во Премиер лигата. „Со оглед на големината на клубот, менаџерот Чаби Алонсо, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова беше можност што не можев да ја одбијам. Сакам да давам се од себе секој ден на и надвор од теренот за да му помогнам на тимот. Едвај чекам да почнам“, рече Хендерсон.
SportРеал Мадрид ќе ги продолжи преговорите со Винисиус
Винисиус Жуниор треба да ги продолжи преговорите за договор со Реал Мадрид оваа недела, додека шампионот на Премиер лигата, Арсенал, го задржува интересот за напаѓачот, објави „aol.com“.. Лондонскиот клуб го гледа бразилскиот фудбалер како приоритетно лево крило доколку ситуацијата со неговиот договор остане нерешена. Но, иако можноста еден од најдобрите напаѓачи во светот да се пресели во Арсенал ја привлече имагинацијата на навивачите, останува голема неизвесност дали напаѓачот е всушност достапен ова лето. Претставниците на Реал Мадрид и Винисиус Жуниор водат преговори за нов договор во последните 18 месеци. Неговиот важечки договор важи до 2027 година. Винисиус се врати во клубот за својот прв предсезонски тренинг и лекарски преглед во понеделник по неговиот настап на Светското првенство со Бразил.
SportВиктор Ташовски е нов играч на КК Дубровник
Кошаркарски клуб Дубровник објави дека е потпишан договор со Виктор Ташовски, 24-годишниот македонски плејмејкер. Ташовски доаѓа во Дубровник од редовите на ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по меч. Тој играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.
SportГонзало Гарсија и Цезар Паласиос се нови играчи на лондонски Фулам!
Англискиот премиерлигаш Фулам официјално го потврди двојниот трансфер од редовите на Реал Мадрид. На „Крејвен Котиџ“ пристигнуваат младите шпански таленти Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос, за кои лондонскиот клуб издвои комбинирана сума од околу 42,5 милиони фунти (50 милиони евра). Двајцата фудбалери ставија потпис на петгодишни договори кои ги врзуваат за клубот до 2031 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци. Клучна улога во овие трансфери одигра новиот менаџер на Фулам, Алваро Арбелоа, кој одлично ги познава двајцата играчи од времето кога работеше во академијата и првиот тим на „Кралскиот клуб“. Гонзало Гарсија е 22-годишен напаѓач кој доаѓа за сума од приближно 34 милиони фунти (40 милиони евра). Тој е доведен како главно засилување во офанзивната линија по заминувањето на Раул Хименез, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 7. Шпанецот го привлече вниманието на светската јавност минатото лето на Светското клупско првенство, каде што ја освои „Златната копачка“.