Sport1203 vijesti
SportЧистка во Барселона пред крајот на преодниот рок
Каталонскиот клуб Барселона се соочува со динамична завршница на летниот преоден рок, планирајќи да се разделни со петмина фудбалери чија вкупна пазарна вредност изнесува 175 милиони евра според податоците на Трансфермаркт. Тренерот Ханси Флик направи значајни промени во тимот, откако претходно летото клубот го напуштија играчи како Роберт Левандовски, Феран Торес, Марк-Андре Тер Штеген и Роналд Араухо, а беа ангажирани имиња како Родри, Ентони Гордон, Карим Адејеми и Жоао Кансело. На листата за заминување се најдоа и звучни имиња како Френки де Јонг, чија иднина е неизвесна поради честите повреди и доаѓањето на Родри, како и Жил Кунде и Алехандро Балде, за кои постои сериозен интерес од англиски клубови, пред сè од Манчестер Јунајтед. Покрај нив, младите играчи Марк Касадо и Хектор Форт исто така се подготвени за заминување, при што Касадо ги одбил понудите од Саудиска Арабија чекајќи понуда од Премиер лигата, додека Форт ја преферира Борусија Дортмунд.
SportБруно Фернандеш е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, денес беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26 од страна на Здружението на професионални фудбалери. Капитенот на „Црвените ѓаволи“ ги победи Деклан Рајс од Арсенал и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити за наградата. Фернандеш (31) го... Текстот Бруно Фернандеш е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата е превземен од А1он.
SportКамил Грабара потпиша за Јувентус
Нов член на Јувентус е Камил Грабара од редовите на Волфзбург. Се работи за голман кој доаѓа на позајмица, заем по кој Јуве ќе може да го откупи за 11,5 милиони евра. Полјакот има 27 години и ќе биде алтернатива за Викарио кој дојде од Тотенхем. пак се ослободи од Кристофер Нкунку, ас кој одново ќе игра во Германија во РБ Лајпциг. Станува збор за позајмица вредна 4 милиони евра, а бундеслигашот ќе има и можност да го откупи за дополнителни 28 милиони евра.
SportЧави: Мотив за мене е финале на СП 2030 на Бернабе во Мадрид
Чави Ернандес и официјално е нов селектор на Холандија. Поранешниот тренер и играч на Барселона потпиша договор до 2030 година, а на претставувањето порача дека во новата улога има само една цел – победа. Спортскиот директор на холандската федерација, Најџел де Јонг, откри дека Чави бил избран по одбивањата на Пеп Гвардиола и Арне Слот. Во финалната трка бил и Михаел Рајцигер, но федерацијата се одлучила за Каталонецот. „Не ме интересира дали сум трет или десетти избор. За мене е чест да бидам селектор на Холандија“, порача Чави.
SportВероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во борење
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал.
SportЕлмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на […]
SportСтоле не успеа да го спречи Бетис, пораз на Валенсија на „Местаља“
Столе Димитриевски и Валенсија вечерва доживеаја прв пораз во новата сезона на Ла Лига и тоа на домашен терен против екипата на Бетис. Во одигрувањето на мечот од 1. коло, Бетис успеа со голот на Гарсија во 82. минута од натпреварот д
SportЛШ: Сабах со историски пласман во ЛШ, Бодо ја потврди „класата“
Азербејџански Сабах обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, победувајќи го Хапоел Бершева со вкупен резултат од 6-4 во плејофот, откако го доби реваншот дома со 5-2 (1-1, 3-2) по продолженијата. Првиот натпревар заврши со
SportЕлмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб (ФОТО)
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот на Аталанта. Клубот од Бергамо во неделата ја почна новата сезона во Серија А со победа на домашен терен над Сасуоло од 2-1 во натпревар во кој Елмас влезе од клупата за резервни играчи во 81 минута. „Се надевам дека ќе се снајдам добро и ќе ја вратам довербата на клубот во мене. Играв на многу различни улоги во текот на мојата кариера, па можам да работам на неколку позиции и да се адаптирам каде што е потребно. Важно е секогаш да бидам подготвен и да дадам сè за тимот“, додаде Елмас, кој дојде во Аталанта како позајмен фудбалер од германски Лајпциг. Аталанта е третиот италијански клуб во кариерата на Елмас, кој настапуваше и за Торино, како и Наполи со кој во 2023 ја освои и титулата во Калчолигата
SportБруно Фернандеш е прогласен за „Играч на сезоната“ во Англија
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за играч на сезоната од страна на Професионалната фудбалска асоцијација (PFA). Наградата е за сезоната 2025/26 во англиската Премиер лига. Минатата сезона, Бр
SportСеверна Ирска ја повлече поддршката на Инфантино
Фудбалската федерација на Северна Ирска (ИФА) објави денеска дека е време за промени во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и порача оти нема да гласа за реизбор на претседателот Џани Инфантино идната година. Првиот човек на светскиот фудбал е под силен притисок изминатите недели поради неговиот контроверзен план да продаде 21 процент од комерцијалните права на турнирите во организација на ФИФА на приватни инвеститори. Плановите на Инфантино се изјаловија по жестоките критики, а Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања спонзорирани од ФИФА. ИФА претходно ја поддржа позицијата на УЕФА без формално да ја повлече својата поддршка за Инфантино, но сега изјави дека нејзиниот план отворил фундаментални прашања за работата на претседателот. „Предлогот за продажба на дел од средствата на ФИФА на приватен инвестициски фонд без консултации е повеќе од неуспех во комуникацијата. Според наше мислење, тој поведува фундаментални прашања за стратегијата, управувањето и одговорното располагање со нашите средства. Веруваме дека дојде време за промени“, се вели во соопштението на ИФА. Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска претходно јавно ја повлекоа својата поддршка за Инфантино, кој идниот март треба да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА. Претходно, поддршката на Инфантино…
SportЈувентус има нов голман, полски репрезентативец
Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милион