Sport2564 vijesti
SportИрска подобра од македонските млади кошаркари на ЕП од Б-дивизијата
Македонската млада кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата, откако загуби од селекцијата на Ирска со 69:56. Ирците уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 20:13. Македонските кошаркари заиграа подобро во втората делница и успеаја да ја намалат негативата, па на полувремето … Ирска подобра од македонските млади кошаркари на ЕП од Б-дивизијата Read More » The post Ирска подобра од македонските млади кошаркари на ЕП од Б-дивизијата appeared first on Слободен печат.
SportТино Куртоа нема да игра за Белгија цела година
Белгискиот голман Тибо Куртоа не го доигра дуелот против Шпанија, кој неговата репрезентација го загуби со 2:1, откако беше заменет поради повреда. Сепак, искусниот чувар на мрежата по натпреварот изјави дека се чувствувал способен да продолжи, но дека селекторот одлучил поинаку. По поразот, Куртоа откри дека размислува за привремено повлекување од националниот тим. Неговата намера […] The post Тино Куртоа нема да игра за Белгија цела година appeared first on Република.
SportТрагедија на СП, почина репрезентативец на Јужна Африка
Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, […] The post Трагедија на СП, почина репрезентативец на Јужна Африка appeared first on Република.
SportMaкедонија поразена и од Данска на младинското ЕП
Македонската младинска ракометна репрезентација го претрпе и третиот пораз на Европското првенство за ракометари до 20 години, откако убедливо беше поразена од селекцијата на Данска со 34:20. Данците уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и целосно ја контролираа играта. По првите 30 минути имаа сигурна предност од 15:8, а во второто полувреме продолжија … Maкедонија поразена и од Данска на младинското ЕП Read More » The post Maкедонија поразена и од Данска на младинското ЕП appeared first on Слободен печат.
SportГерманија има „дил“ со Клоп за селекторското место
Она што се наговестува веќе десетина дена, откако Германија испадна во елиминационата фаза од Мундијалот, очигледно дека ќе се оствари. Наследникот на Џулијан Нагелсман на селекторското место на Германија, ќе биде ни помалку ни повеќе
SportТино Куртоа нема да игра за Белгија цела година
Белгискиот голман Тибо Куртоа не го доигра дуелот против Шпанија, кој неговата репрезентација го загуби со 2:1, откако беше заменет поради повреда. Сепак, искусниот чувар на мрежата по натпреварот изјави дека се чувствувал способен да продолжи, но дека селекторот одлучил поинаку. По поразот, Куртоа откри дека размислува за привремено повлекување од националниот тим. Неговата намера е да направи едногодишна пауза од настапите за Белгија, а потоа повторно да му се стави на располагање на тимот за квалификациите за ЕП.
SportМарк Маркес најдобар на спринтот во Германија
Во пресрет на трката во Мото ГП шампионатот, која викендов се вози во Германија, на денешниот спринт најдобро време постигна Марк Маркес. Шпанецот веќе дванаесет пати има победено на оваа патека и е најдоминантниот возач во историјата. Денеска со тотална супериорност обезбеди прво место, пред Алекс Маркес, односно Фабио Ди Џанатони. Ова за Маркес е 19 победа во спринт трка во историјата. Ако на сето ова се додаде дека ја има и пол позицијата за утрешната трка, нештата стануваат јасни кој е фаворитот.
SportИрска ја победи Македонија на ЕП за младинци Б дивизија
Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, го претрпе првиот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат. Во натпреварот 2.коло во А групата, на првенството што се одржаа во Словачка, македонските надежи се поразени од Ирска 56-69. Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски натпреварот го заврши со 17 поени и четири скока, додека Марко Луканоски со 12 поени и шест скока, а Младеновски освен седум реализации додаде и десет додавања и четири скокови. Според распоредот на натпреварите во групата „А“, Македонија во третото коло е слободна, што ќе биде дополнителна можност за одмор и подготовка пред следниот предизвик. Нашата младинска репрезентација на теренот повторно ќе истрча на 14 јули, кога од 13:30 часот ќе се соочи со селекцијата на Шведска, во натпревар кој може да има големо значење во борбата за пласман во следната фаза на Европското првенство во Братислава
SportРакометните младинци поразени и од Данска на ЕП
Ракометната селекција на Македонија до 20 години го забележа и третиот пораз на Европското младинско првенство кое што се одржува во Романија. На затворањето од групата Д избраниците на Игор Илиевски беа убедливо поразени од соодветната селекција на Данска, која со доминантна игра во текот на сите шеесет минути извојува триумф од 20-34 (8-15). Поповски и Гурмешевиќ со по четири гола беа најпрецизни во таборот на Македонија, која сега ќе игра доигрување да избегне последно место на овој шампионат. Претходно, ракометарите беа поразени од Норвешка и Хрватска.
SportСкопје во Прва лига ќе игра со нов тренер, Александар Таневски си замина
Фудбалскиот клуб Скопје ќе има нов шеф на стручниот штаб во претстојната сезона, откако Александар Таневски и официјално се раздели со клубот. Веста ја соопшти самиот стратег преку објава на социјалните мрежи. Таневски се прости со емотивна порака, во која им се заблагодари на играчите, стручниот штаб, навивачите и на сите кои биле дел од … Скопје во Прва лига ќе игра со нов тренер, Александар Таневски си замина Read More » The post Скопје во Прва лига ќе игра со нов тренер, Александар Таневски си замина appeared first on Слободен печат.
SportМанчестер сити се засили со еден од најголемите таленти на англискиот фудбал
Манчестер сити официјално го потврди ангажманот на Жереми Монга, еден од најталентираните млади англиски фудбалери, кој пристигнува од Лестер. Монга вчера го прослави својот 17. роденден, а со актуелниот англиски шампион потпиша петгодишен договор, кој ќе важи до летото 2031 година. Младиот крилен напаѓач е производ на академијата на Лестер, каде што тренира уште од … Манчестер сити се засили со еден од најголемите таленти на англискиот фудбал Read More » The post Манчестер сити се засили со еден од најголемите таленти на англискиот фудбал appeared first on Слободен печат.
SportКостов: Џузепе „Пепино“ Меаца и Џовани „Џани“ Ривера „златните деца“ на италијанскиот фудбал
Италијанскиот фудбал за мене од секогаш бил синоним за елеганција, шампионски менталитет и тактика. Сум се воодушевувал на нивните фудбалски креативци, чија главна одлика беше нивната искра на непредвидливост. Италија од секогаш била фудбалска велесила, со изразити индивидуалци, и неколку генерации на репрезентативци добро организирани и хармонизирани, кои на својата земја и донесоа четири светски и две европски титули во фудбал. Сите ги паметиме Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро и Франческо Тоти, како врвни креативци, па Пипо Инзаги, Бобо Вјери, како голгетери, Паоло Малдини и Џенаро Гатузо, како врвни одбранбени играчи, а брзината на Џанфранко Зола и генијалноста на Андреа Пирло никогаш не може да се заборави. Сепак, денес ќе отидам генерација, две подалеку и ќе пишувам за Џузепе Меаца и Џовани Ривера, кои заедно со Мацола и Факети, беа првите големи ѕвезди на италијанскиот фудбал. Џузепе Меаца е легендарен италијански фудбалер. Еден од најдобрите напаѓачи во светот помеѓу двете Светски војни, и важи за еден од најдобрите фудбалери на 20-от век. Остави неизбришливи фудбалски траги на италијанските терени. Играл за Интер, Милано, Јувентус и Аталанта. Бил уметник во дриблингот. Негов заштитет знак во фудбалската игра е крадење на топката на срредината на тренот, дриблање на сите играчи пред него…