Sport1276 vijesti
SportАраухо денеска ќе се појави во Ливерпул на лекарски прегледи
Досегашниот играч на Барселона, Роналд Араухо, веќе е на пат за Англија, каде што по лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на тимот на Ливерпул. Тој доаѓа на едногодишна позајмица, по што „Редси“ ќе имаат можност да го
SportСветла ни е ракометната иднина: Македонија го „прегази“ Израел за деветто место на кадетското ЕП!
Македонија има со што да се гордее – иднината на македонскиот ракомет изгледа светла. Кадетската репрезентација уште еднаш покажа дека оваа генерација има сериозен потенцијал, откако на Европското првенство во Белград го освои деветтото место. Избраниците на Горан Кузманоски во последниот натпревар го совладаа Израел со убедливи 39-29, иако по првото полувреме имаа негатива од … Светла ни е ракометната иднина: Македонија го „прегази“ Израел за деветто место на кадетското ЕП! Read More » The post Светла ни е ракометната иднина: Македонија го „прегази“ Израел за деветто место на кадетското ЕП! appeared first on Слободен печат.
SportВИДЕО | Србите вложија 28 милиони евра во модерен стадион, а теренoт им личи на нива
Стадионот „Краљевица“ во Заечар, изграден со инвестиција од околу 28 милиони евра и отворен во 2023 година, се најде во центарот на вниманието поради катастрофалната состојба на тревникот. На натпреварот меѓу Бор и Напредaк кои играат во втората лига на Србија, големи делови од теренот беа целосно без трева, оставајќи впечаток дека се игра на … ВИДЕО | Србите вложија 28 милиони евра во модерен стадион, а теренoт им личи на нива Read More » The post ВИДЕО | Србите вложија 28 милиони евра во модерен стадион, а теренoт им личи на нива appeared first on Слободен печат.
SportЛукаку ги договори личните услови со Фенербахче
Ромелу Лукаку е сè поблиску до трансфер во Фенербахче. Турскиот гигант веќе постигнал договор со белгискиот напаѓач за плата од 10 милиони евра по сезона, но останува да се усогласат со Наполи околу обесштетувањето. Наполитанците бараат 12 милиони евра, додека Фенербахче нуди осум, но Турците се подготвени да го забрзаат процесот и не би било … Лукаку ги договори личните услови со Фенербахче Read More » The post Лукаку ги договори личните услови со Фенербахче appeared first on Слободен печат.
SportМурињо воведува строга дисциплина во Реал Мадрид
Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас. Ова го потврдува и неодамнешната клупска фотографија каде целиот тим и тренерскиот персонал ручаат заедно што досега не беше обичај. Португалецот верува дека таквата рутина е клучна за градење на тимскиот дух, а оваа практика ја користел и во Бенфика. Извори од клубот наведуваат: „Тој сака да поттикне заедништво и единство и засега изгледа ветувачки“. Друг извор додава дека „атмосферата е многу, многу добра“. Ваквите пораки се сметаат за важни, особено по напнатиот крај на минатата сезона. Одлучноста на Мурињо е особено евидентна во неговата нова диета. Нутриционистот повеќе не е само консултант, туку лице кое пропишува строги менија за појадок и ужина. Сè е подредено на постигнување врвни резултати, без простор за индивидуални желби. Со ова се укина слободата на играчите да го изберат својот оброк, што, според информациите, не предизвика отпор во соблекувалната. Новите правила за казнување не предизвикаа незадоволство. Недисциплината повеќе не се казнува финансиски, но играчот кој го прекрши…
Кошаркарските јуниорки поразени од Естонија
Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76. Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, на кои додаде четири скока и три асистенции. Освен 11 поени, Колева имаше и осум асистенции и четири скока. Со овој натпревар македонската јуниорска […]
SportРаул Фернандез победи на Силверстоун
Раул Фернандез ја оствари својата доминантна победа на трката за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун, која беше 12-та од вкупно 22 трки во сезоната 2026. Возачот на Trackhouse Aprilia го поправи впечатокот од спринтот и низ целта помина со предност од 2,5 секунди пред лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин. Априлиа го комплетираше подиумот откако Марко Бецеки успеа да го одбие притисокот од Алекс Маркез од тимот на Gresini Ducati. Трката на Силверстоун продолжи со низата од дванаесет различни победници на оваа патека во последните дванаесет години, додека борбата за титулата станува сè поинтензивна по летната пауза.
SportСерхио Роберто нов фудбалер на ЛА Галакси
Шпанскиот трофеен фудбалер Серхиo Роберто е нов играч на ЛА Галакси. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше важен дел од некои од најдобрите тимови од неговата генерација и знае што е потребно за освојување трофеи, но и како да се изгради победнички тим“, изјави генералниот менаџер на ЛА Галакси, Вил Кунц. Триесетичетиригодишниот Роберто ги мина првите 18 сезони од својата кариера во Барселона со која освои вкупно 25 трофеи, пред да се пресели во Италија каде последните две сезони настапуваше за Комо.
SportАтлетико поведе, Манчестер Сити победи со пресврт
На пријателскиот меч одигран во Сеул, Ј. Кореја, екипата на Манчестер Сити со конечни 3:1, беше подобра од екипата на Атлетико Мадрид. Пред преполни трибини со над 66.000 гледачи, тимот на Атлетико поведе во 43. минута преку Домингез.
SportСрбија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034 година
Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи. "Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме заедничката кандидатура, потребна ни е согласност. Договорот е Европското првенство да се игра во три држави, во секоја да има по две групи, а Србија да биде домаќин на финалниот викенд“, изјави првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ. Српскиот сојуз очекува кандидатурата да биде поднесена откако ќе биде добиена согласност од сите три федерации. Според Ѓурковиќ, сите три земји имаат организациски можности за реализација на големото натпреварување. Доколку кандидатурата биде прифатена, Македонија би била еден од трите домаќини на Европското првенство во 2034 година, со што би добила можност да биде дел од организацијата на едно од најголемите ракометни натпреварувања во Европа. Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија, во 2030 година домаќини ќе бидат Чешка, Данска и Полска, додека шампионатот во 2032 година ќе го…
SportМакедонија тргнува по организацијата на ракометното ЕП 2034 година
Македонија е на чекор од влез во трката за организација на едно од најголемите ракометни натпреварувања во Европа. Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија подготвуваат заедничка кандидатура за домаќинство на Европското првенство во машка сениорска конкуренција во 2034 година. Информацијата ја потврди претседателот на Ракометниот сојуз на Србија, Божидар Ѓурковиќ, кој откри дека претставниците … Македонија тргнува по организацијата на ракометното ЕП 2034 година Read More » The post Македонија тргнува по организацијата на ракометното ЕП 2034 година appeared first on Слободен печат.
SportМакедонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034
Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година, јавија српските медиуми. Според планот, Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи. “Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците […] The post Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034 appeared first on Република.