Politika1222 vijesti
PolitikaНиковски за „стравот“ на СДС од електронското гласање: Приказни за мали деца (ВИДЕО)
Сдс има зошто да се плаши и сето ова што го зборува околу недовербата во електронското гласање на ислелениците или по пошта е само затскривање на вистинскиот мотив за нивното противење на гласот на дијаспората и блокирање на новиот Изборен законик, посочи поранешниот амбасадор Ристо Никовски во интервју за ТВ Алфа -Приказни за мали деца. Мислам, очигледно е тоа да се разбереме и тоа е факт. Секој што малку повеќе се разбира во тие работи, што ги следи тие работи, јасно му е дека дијаспората ако добие полесен пристап на изборите во огромен број ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е партија која единствено се интересира и се грижи за нив и поготово во оваа ситуација. Знаете, нашите луѓе во странство се поголеми патриоти од нас. Тие сите овие наши болки, наши маки, ги доживуваат многу пострашно од нас, ние сме тука и со тоа живееме, а тие го чувствуваат тоа така што кога нешто им се одзема на Макеоднците тие го чувствуваат како ним да им се одзема лично нешто, до таму е тоа отидено. И во оваа ситуација кога овие сакаат да продадат и продадоа се’, претходната власт нанесе историски штети на оваа држава и на овој…
PolitikaДУИ: Вербалниот напад врз Пашоли е одраз на политичкиот менталитет на владината коалиција
ДУИ тврди дека пратениците на Влен не можат да ги застапуваат интересите на Албанците додека истовремено гласаат... The post ДУИ: Вербалниот напад врз Пашоли е одраз на политичкиот менталитет на владината коалиција appeared first on 360 степени.
PolitikaСДСМ не биле против гласањето на дијаспората, ама не даваат поддршка
ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората, наведува СДСМ. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик.Дијаспората не сака Христијан Мицкоски […] The post СДСМ не биле против гласањето на дијаспората, ама не даваат поддршка appeared first on Република.
PolitikaМакедонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ
Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните, а најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик“,соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и…
PolitikaВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат
Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен. Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот. „Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу […]
PolitikaВМРО-ДПМНЕ: „За 2 години Влада над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата во изминатите две години реализирала и започнала повеќе од 60 спортски проекти, со вкупна вредност над 21 милион евра, со цел подобрување на спортската инфраструктура низ Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека инвестициите се насочени кон создавање подобри услови за развој на спортот, младите и рекреативците, како и кон поттикнување на нови спортски успеси. Според соопштението, во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капитални проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и Гевгелија и спортската сала во Радовиш. Во тек се и реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, Крушево и Воената академија во Скопје, како и изградбата на нови трибини на градскиот стадион во Тетово. Од партијата велат дека со овие инвестиции се создаваат современи и безбедни услови за спортување, се поттикнува развојот на врвниот спорт и се отвораат можности за организација на спортски настани што ќе придонесат и за локалниот економски развој. Се додава и дека Владата ќе продолжи со капиталните вложувања во спортската инфраструктура, оценувајќи дека тие претставуваат долгорочна инвестиција во здрави генерации и во развојот на македонскиот спорт.
PolitikaВладина реконструкција: Ова се биографиите на новите министри
Собранието вчера ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за нов министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓоко Велковски - Министер за социјална политика, демографија и млади Досегашниот заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски е избран на раководната позиција во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Велковски, кој е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на местото на досегашниот министер Фатмир Лимани, кој претходно беше разрешен од позицијата. Тој во периодот од јули 2024 до јули оваа година беше заменик-министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во периодот мај – јули 2024 бил раководител на Сектор…
PolitikaДУИ: Вербалниот напад од Иван Стоилковиќ врз Арбана Пашоли е огледало на политичкиот менталитет на Владата без етнички легитимитет
Вербалниот напад на Иван Стоилковиќ врз пратеничката Арбана Пашоли не е случаен инцидент. Тој е вистински одраз на политичкиот менталитет што денес го претставува Владата на ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ – менталитет кој навредува, понижува и ги напаѓа легитимните претставници на Албанците, а за партнери ги избира оние кои немаат легитимитет, немаат глас и немаат достоинство, реагираат од […]
PolitikaОд Фондот за здравство во Владата: Клековски го презема ресорот здравство
Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на реконструкцијата на Владата. Клековски до изборот на министерската функција беше директор на Фондот за здравствено осигурување. Тој дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено и МБА академска програма на Универзитетот […]
PolitikaСофија се заплетка во дипломатската нота – сакаше да го оцрни Мицкоски, се оцрни себе
Серијата контродикторни ставови испратени од официјална Софија за протекувањето на дипломатската нота за патувањето на семејството на Премиерот Мицкоски во Пампорово, дополнително ги влошуваат односите меѓу двете земји. Прво самиот чин документот. Доверливата дипломатска нота, редовна процедура за патување на високи личности и нивните семејства, беше објавен на навидум незабележителен медиум. Фејсбук групата ,,Грубовци, Ениџе Вардар - родна Македонија‘‘ е намерено избрана за да не му се даде политичка тежина на самиот документ. Со овој чекор бугарските власти се надеваа дека во секој момент ќе можат да демантираат, па и игнорираат евентуални обвинувања за протекувањето, а во исто време ќе ја остварат целта оцрнување на македонскиот премиер. Софија знае дека тешко би се зивадила од скандалот доколку истиот беше лиферуван преку познатите медиуми или портали поддржувачи на бугарската политиката . Но, тоа што ги изненади е што самиот Мицкоски ја обелодени информацијата за грубото прекршување на дипломатската комуникација, дури и пред македонските медиуми. Дополнително што за таквиот безбедносен скандал ги известил парнерите во НАТО, а потоа и земјите членки на ЕУ. Затоа владата во Софија стана нервозна. Затоа и образложенијата се контродикторни, па и смешни. Замислете со каква леснотија бугарското МНР во првичната реакција по повикувањето на амбасадорот Радуков во…
PolitikaВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ
Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, веалт од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да […]
Politika„Поскапувањето на горивата е уште еден доказ за целосниот економски колапс под ВМРО-OКГ“, велат од СДСМ
СДСМ преку соопштение оцени дека најновото поскапување на горивата е уште еден показател за, како што велат, лошата економска состојба во земјата и неуспехот на економските политики на Владата. Од партијата посочуваат дека дизелот поскапува за 5,5 денари по литар, а бензините за 1,5 денар, оценувајќи дека тоа не е изненадување, туку продолжение на кризата […]