Biznis747 vijesti
BiznisСпасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски кој оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува развоен, реален и финансиски одржлив документ, кој што е во интерес на граѓаните и државата. Тој нагласи дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат 46 милијарди денари, што е зголемување од 5,8 милијарди денари или 14,5 проценти во однос на првично планираниот буџет. „Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат 46 милијарди денари и се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на планираниот буџет. Средствата за платите и надоместоците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари достигнувајќи 53,7 милијарди денари. Субвенциите и трансферите растат за 3,9 милијарди денари или 10,4%. Овие средства одат за земјоделство, железнички сообраќај, студентски и ученички стандард, породилно боледување, мој ДДВ и други приоритетни расходи. Социјалните трансфери растат за 2,2 милијарди денари“, рече Спасовски. Во своето обраќање, Спасовски истакна дека предложениот ребаланс обезбедува повеќе средства за инфраструктура, здравство, образование, социјална заштита, спорт и култура. „Ова значи дека овој ребаланс предвидува подобра инфраструктура, повисоки плати и пензии, подобро здравство, подобро образование, повеќе грижа за ранливите…
BiznisЈамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата кон инвестиции и економски раст
На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека ребалансот на Буџетот за 2026 година не претставува само измена на буџетските ставки, туку документ што ќе овозможи нови инвестиции, реализација на проекти, економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Денес разговараме за ребаланс на Буџетот за 2026 година. За некого ова можеби се само бројки на хартија, но за Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ова е документ кој значи нови инвестиции, нови проекти, економски раст и подобар животен стандард за граѓаните. Кога ги анализираме макроекономските показатели во период 2017 до 2026 година гледаме јасен тренд, БДП по тековни цени расте од околу 618 милијарди денари во 2017 година на повеќе од 1 билион денари во 2025 година, а позитивен тренд продолжи и во 2026 година, тоа значи дека економијата создава поголема вредност, се движи напред и има капацитет да поддржи нов инвестициски циклус“, рече Јамалов. Јамалов истакна дека определбата на Владата е буџетските средства да се враќаат кај граѓаните преку инвестиции, посочувајќи дека со предложениот ребаланс се обезбедуваат повеќе од 41 милијарда денари за развојни програми. Според него, средствата се наменети за изградба и реконструкција на…
BiznisТрет ден комисиска расправа за ребалансот: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е развоен, а СДСМ дека е нереален
Заврши третиот ден од расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања. - Овој документ значи нови инвестиции, проекти, економски раст и подобар животен стандрад за граѓаните. Парите мора да се враќат кај народот преку инвестиции. Затоа со ребалансот се обезбедени преку 41 милијарда денари за развојни програми - училишта, болници, железница, енергетски проекти,... Ние инвестираме, зашто секој денар вложен во капитални проекти носи нови работни места, дополнителна економска активност и развој. Овој ребаланс значи приспособување кон реалните потреби и обезбедување средства таму каде што се најпотребни, овозможува редовна ипслата на плати, пензии, поддршка на стопанствто, земјоделски субвенции,... Ние не ветуваме развој, туку го финансираме, не ветуваме инфраструктура, туку ја градиме. Државата има јасен правец - стабилни финансии, растечки приходи и Влада што работи. Ребалансот е реален, одговорен и развоен, создава предулсови за натамошен ек раст, нови инвестиции и подобар животен сдтандард. Да продолжиме да…
BiznisЖестока расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет се претвори во арена на жестоки партиски препукувања, каде пратениците од власта и опозицијата ги вкрстија копјата околу ревидираната државна каса за 2026 година. За владејачкото мнозинство, овој ребаланс е целосно развоен, реален и претставува сигурен чекор кон подобар животен стандард и стабилен економски раст, додека опозицијата тврди дека […]
BiznisОд полноќ поскапуваат горивата
Од полноќ, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а бензините за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – […]
BiznisИНВЕСТИЦИЈА ВО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИТЕ - Бесплатна психолошка поддршка за средношколците
Град Скопје ќе обезбеди бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје. Проектот, како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе се реализира преку две активности, преку психолошко советување и преку едукативни работилници....
BiznisФилип Морис интернешнл и Андреа Бочели ја започнуваат платформата „Верувај. Понатаму“ – приказна за верба, истрајност и напредок
Претставена во Венеција, град познат по своите мостови и поврзувања, платформата обединува две различни, но суштински сродни приказни. Едната е личната приказна на Андреа Бочели, чиј животен пат е пример за верба, истрајност и надминување на предизвиците. Другата е приказната на Филип Морис Интернешнл и нејзината трансформација кон иднина без чад од цигари, водена од […] The post Филип Морис интернешнл и Андреа Бочели ја започнуваат платформата „Верувај. Понатаму“ – приказна за верба, истрајност и напредок appeared first on МКД.МК.
BiznisПенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс
Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков. Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се насочуваат за инфраструктурни проекти, зголемено субвенционирање во земјоделството и поддршка за општините. Тој додаде дека главен двигател на економската активност ќе бидат капитланите инвестиции во 2026 година. „Поставеноста на ребалансот во макроекономска смисла се темели на оценката дека главниот двигател на економската активност ќе бидат капиталните инвестиции во 2026 година. Тој инвестициски импулс од неколку навистина крупни инфраструктурни проекти коишто во моментот се одвиваат во Република Македонија“, рече Пенков и додаде: „Владата на крајот со овој ребаланс, со овој документ го брани економскиот раст преку јавните инвестиции, локалната инфраструктура и трошење коешто сите ние го нарекуваме развојно трошење“.
Biznis(ВИДЕО) Вечерва во 360°: Зошто Клековски оди од институција со 910 милиони евра буџет во министерство со 130 милиони
Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува кандидатот за министер за здравство и досегашен директор... The post (ВИДЕО) Вечерва во 360°: Зошто Клековски оди од институција со 910 милиони евра буџет во министерство со 130 милиони appeared first on 360 степени.
BiznisПоскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во... Текстот Поскапуваат горивата е превземен од А1он.
BiznisЦентралните банки му го вртат грбот на доларот
Сè поголем број централни банки планираат да го намалат уделот на американскиот долар во нивните девизни резерви во следната деценија, според најновото истражување на Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции (OMFIF) со седиште во Лондон. Ова е прв пат од 2023 година, откако OMFIF ги следи долгорочните инвестициски намери на централните банки, бројот на оние … Централните банки му го вртат грбот на доларот Read More » The post Централните банки му го вртат грбот на доларот appeared first on Слободен печат.
BiznisОд полноќ: Поскапуваат горивата
Од полноќ стапуваат во сила нови, повисоки малопродажни цени на горивата. Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден денар по литар во однос на цените утврдени на 29 јуни 2026 година. Со тоа, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 85,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари. Поголемо […] The post Од полноќ: Поскапуваат горивата appeared first on Република.