Live Sarajevo · 18°C · Djelimično oblačno · EUR/BAM 1.9558 · USD/BAM 1.8030 · 📻 Radio uživo
Društvo

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

prije 3 Stunden ·

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски единици и граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18:00 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.

The post Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај appeared first on Fokus.mk.

Source: Fokus.mk