Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор во Владата

Собранието, денеска, со 67 гласа „за“ и 13 „против“, за министер без ресор во Владата го избра Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го поддржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спаосвски, не затоа што е против кандидатот, туку затоа што сметаат дека нема да се промени ништо. Наместо некаква визија, оцени Спасовски, ова е чиста борба за фотелји. Ова, рече, е министер за Бадентер, а не за претставеност на Турците во Собранието. - Посакувам навистина од денеска, по изборот, резултатите да дојдат сериозно во сите области - во економијата, во образованието, во здравството, во земјоделството и да видиме дека навистина до Турците била работата за напредок на Македонија. Инаку, единствена константа во современата македонска држава на власта во Македонија е Демократската партија на Турците и тоа треба да се респектира - рече Спасовски од СДСМ. Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернативата забележа дека во време кога, како што рече, државата е во општа економска, социјална, образовна и човечка криза, се отвараат нови ресори и се создаваат нови функции. Тој посочи дека Владата ги централизира сите институции во…


