klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Жртвите во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади

Жртвите во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 07. 2026. 06:24:45

Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел забрзување на обновата на подрачјата погодени од земјотресите. „Венецуела има блокирани ресурси низ целиот свет што можат да бидат искористени за процесот на реконструкција“, изјави Родригез за државната телевизија, додавајќи дека средствата се потребни и за програми за вработување и образование. Соединетите Американски Држави, Европската Унија и други земји во текот на изминатите две децении воведоа низа санкции кон Венецуела поради обвинувања за нарушување на демократските процеси и поврзаност на властите со трговија со наркотици. Поголемиот дел од тие мерки и натаму се во сила. Вашингтон по земјотресите привремено за период од четири месеци одобри одредени трансакции поврзани со хуманитарната помош и санација на последиците од катастрофата, што инаку би биле опфатени со санкциите. Родригез изјави дека испратила писмо до британскиот крал Чарлс Трети со барање за ослободување на венецуелското злато што се чува во британските трезори…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti