klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Жозе Мурињо во одбрана на Винисиус

Жозе Мурињо во одбрана на Винисиус
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 08. 2026. 04:46:43

Винисиус на мечот со Еспањол веќе имаше жолт картон по расправија со Алекс Калатрава, а во второто полувреме падна во шеснаесетникот на Еспањол по дуелот со Еду Еспозито. Судијата не досуди пенал, но не го казни Бразилецот ниту за симулација. Доколку проценеше дека Винисиус намерно паднал, тоа ќе значеше втор жолт картон и исклучување. Од Еспањол веднаш реагираа на социјалните мрежи со порака: „Колку симулации се потребни за да добиеш втор жолт картон?“ Винисиус во текот на целиот натпревар беше во центарот на вниманието, а имаше и расправии со навивачите на Еспањол, кои го провоцираа со скандирања од трибините. На неговата страна застана тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо. "Вини не е светец, но тоа што му го прават е премногу. Од првата минута има чувство дека е воспоставен ред – сега јас ќе го фаулирам, потоа ти. За него тоа е неверојатно фрустрирачки и му треба голема психичка контрола“, изјави Мурињо.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti