klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зошто слонот може „да слуша“ и на 10 километри: Ги претвора и чекорите во пораки

Зошто слонот може „да слуша“ и на 10 километри: Ги претвора и чекорите во пораки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 11:47:47

Слоновите можат да комуницираат со други слонови на растојанија до пет километри со звуци што патуваат низ воздухот. Сепак, тие имаат и друг начин за испраќање звучни пораки - сеизмички бранови што патуваат низ земјата. Овие вибрации се пренесуваат од стапалата на слонот, преку нозете - сè до коските на черепот и внатрешното уво. Така, овие животни можат да си го почувствуваат присуството и на растојанија од 10 километри и повеќе. Оваа појава се нарекува слушање преку коскена спроводливост, пишува порталот „Фис“ (Phys). - Слушните уреди што се поставени во ушниот канал, како што се слушалките „Ерподс“ (AirPods), можат да бидат иритирачки затоа што ги слушаме звуците што нашите тела ги испуштаат погласно од вообичаеното, на пр. како кога одиме или џвакаме. Слоновите, сепак, можат да си ја искористат способноста да ги затворат своите ушни канали кога комуницираат на долги растојанија. Откривме дека слухот преку коскената спроводливост кај слоновите е значително подобрен благодарение на нивните поголеми структури на средното уво, а евентуално дополнително подобрен со доброволното затворање на ушниот канал - појасни авторот на научниот труд, д-р Сунил Пурија, професор на Одделот за оториноларингологија, при Медицинскиот факултет на Харвард и на Болницата за очи и уво во Масачусетс. Новиот труд…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti