Зошто „летните“ бебиња се поздрави?

Дури и кога се планира семејство, на луѓето, вообичаено, ретко им паѓа на ум за времето од годината кога бебето ќе се роди. Сепак, социологијата и медицината укажуваат дека бебињата родени во лето имаат голем број здравствени предности. Истражување спроведено на Универзитетот во Кембриџ коешто опфатило речиси половина милион луѓе, откри дека, на пр., „летното“ бебе, во просек, е со малку поголема тежина од „зимското“ новороденче. Повисоката (и поздрава) маса при раѓањето е поврзана со целокупен подобар здравствен исход при првите месеци од животот и помал ризик од рани компликации, објави „Кликс“. Научниците посочуваат и неколку други, клучни причини зошто бебето родено налето, има првични мали „предности“, кога говориме за здравјето. Повеќе сонце значи повеќе витамин Д за мајката и бебето Можеби една од главните причини зошто летните бебиња се генерално поздрави лежи во витаминот Д. Бремените жени кои го минуваат последното тримесечје кон крајот на пролетта и во летото се изложени на поголеми количини на сончева светлина. Покрај тоа, студиите покажуваат дека бебињата чии мајки имале високо ниво на витамин Д во доцната бременост развиваат пошироки и погусти коски. Сѐ ова влијае на долгорочниот имунитет - витаминот Д игра клучна улога во развојот на имунолошкиот систем, што му обезбедува…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко
