klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Жорж Жезус го откри планот за Португалија, но не проговори за иднината на Роналдо

Жорж Жезус го откри планот за Португалија, но не проговори за иднината на Роналдо
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·21. 07. 2026. 10:12:53

Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, најави дека во неговиот прв список нема да има големи промени и дека ќе повика само двајца или тројца нови фудбалери. Во интервју за „Канал 11“, 71-годишниот тренер истакна дека Светското првенство во 2030 година е главната цел на новиот проект, но дека во овој момент нема време за целосна реконструкција на репрезентацијата. Жезус сè уште не почнал да разговара со фудбалерите, бидејќи повеќето од нив се на одмор, но најави дека до објавувањето на првиот список во септември ќе оствари контакт со поголемиот дел од репрезентативците. „Првиот список нема многу да се разликува. Ќе има двајца или тројца нови фудбалери. Но, во следните четири години сигурно ќе има промени“, изјави Жезус. Тој објасни дека во моментов нема голем број играчи кои веднаш би можеле да влезат во националниот тим и додаде дека не сака да прави промени само за да остави впечаток дека почнува нова ера. Лигата на нации како почеток на новиот циклус Жезус смета дека четирите натпревари во Лигата на нации ќе му помогнат подобро да ги запознае играчите и да ги постави основите на системот што сака да го применува. „Ќе имаме 15 дена заедно. Натпреварите ќе се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti