klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“

ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 10:10:35

Под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува серија регионални панел-дискусии и отчетни трибини, проследени со непосредни средби и отворен дијалог со граѓаните. Во текот на месец јули ќе бидат организирани осум регионални панел-дискусии и отчетни трибини низ државата, посветени на отчетот за првите две години од мандатот на Владата и придонесот на функционерите на Движењето ЗНАМ во реализацијата на владината програма. „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ не е само наслов на трибините, туку и јасен израз на визијата – Македонија како модерна европска држава со силни институции, владеење на правото, професионална администрација и одговорна власт која работи во интерес на граѓаните. Оваа иницијатива претставува дел од заложбата за отчетност и отвореност кон јавноста. Наместо политиката да се води зад затворени врати, излегуваме пред граѓаните за да дадеме отчет за сработеното, да ги слушнеме нивните ставови и да одговориме на сите прашања што ги засегаат. На овие панел дискусии говорници ќе бидат сите избрани и именувани функционери од редовите на Движењето ЗНАМ, предводени од претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски. Во нивната работа ќе се вклучат министрите, замениците министри, државните секретари, директорите и останатите носители на јавни функции од редовите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti