klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

ЗНАЧАЕН ЧЕКОР: Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија

ЗНАЧАЕН ЧЕКОР: Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 07. 2026. 14:05:35

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември" воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow" – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите. -Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови во медицината. Честитки до целиот тим на ГОБ „8ми Септември" за посветеноста и професионализмот - нагласува МЗ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti