Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисерка Златеска, истакна дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура, заштита на животната средина и повисок квалитет на живот за граѓаните. Таа посочи дека преку инвестиции во регулирање на речни корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, се создаваат услови за одржлив развој на локалните заедници. „Во таа насока започната е реализацијата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедени 376 милиони денари. Со уредување на делницата долга речиси 12 километри, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани“, изјави Златеска. Таа додаде дека успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и изградбата на водоснабдителен систем во Лениште, проект вреден над 21 милиони денари. Како што посочи Златеска, во завршна фаза е и замената на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, инвестиција вредна над 7 милиони денари. „Почната е и изградбата на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, проект вреден над 91 милион денари, целосно финансиран преку Вториот повик од Унгарскиот кредит“, рече таа. Златеска информираше и дека е во тек…
Povezane vijesti

OO NSD Nikšić odgovorio DNP-u: Naš grad nikad nije priznao Kosovo da bi ga danas otpriznavali

Димитриеска Кочоска со ребалансот ќе има повеќе пари за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита и општините
