Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реформи за почиста животна средина и европски стандарди

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, вели Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што институциите ги спроведуваат за поедноставување на административните постапки и унапредување на услугите за граѓаните и деловната заедница. Извршена е анализа на вкупно 31 административна постапка, од кои 15 постапки ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, за што веќе се подготвени конкретни мерки и планови за нивна имплементација. Целта е да се обезбедат побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, со што ќе се намали административниот товар за граѓаните и компаниите и ќе се подобри пристапот до јавните услуги, рече таа. Веќе е испорачана значајна комунална опрема и механизација за општините во рамки на регионалниот систем за управување со отпад, а се подготвуваат тендерите за изградба на регионалните центри во Русино и Новаци и претоварните станици, а во напредна фаза е центарот во Свети Николе. -За поголема транспарентност, започната е подготовка на Дигитален регистар со јавно достапни податоци за индустриските емисии. Домашната легислатива во овој сектор се…
Povezane vijesti

Evropski savez: Stanje na Aerodromu Tivat ostavlja lošu sliku o Crnoj Gori, turisti se žale na društvenim mrežama

Клековски: Годинава во Македонија има четири случаи на маларија, три на денга, еден на зика и осум на западнонилска треска
